Луис Хамилтон ја освои пол позицијата на вчерашните квалификации, но Валтери Ботас беше возачот кој прв мина на првата кривина и се радуваше на крајот од трката, иако за него ова беше прв старт од првиот ред во Алберт Парк. Финецот дојде и до поенот за најбрз круг, Хамилтон заврши зад него но со задоцнување од над 20 секунди, а до свој прв подиум во кариерата во Мелбурн додје Макс Верстапен. Ова беше и прв подиум за Хонда по Големата награда на Велика Британија во силверстон во 2008 година.

Освен тоа што Валтери го искористи внатрешниот ден и го мина Луис на стартот, фантастичен почеток имаше и Нико Хулкенберг кој од 12то место експресно се “протна“ на 8мо во ситуација во која неговиот колега Даниел Рикардо исто така тргна одлично, но целосно го откорна предното крило откако мина крај патеката и мораше во бокс по ново.

Кругот број 11 го донесе првото откажување откако Карлос Саинз половина круг возеше со чад од својот мотор, а потоа и се паркираше на влезот од боксовите. Зек Браун изјави дека првично по се изгледа дека се работиа за кинетичкиот мотор МГУ-К како дел од Системот за повраток на енергијата.

Себастијан Фетел од своето 3то место прв ја почна серијата влегувања во бокс и менувања гуми. Германецот влезе и промени од софт на медиум во 15от круг, повлекувајќи го Хамилтон кој истото го направи следниот куг.

Малерот на Хаас во Австралија продолжи во тој 16ти круг откако Роман Гросжан влезе да промени гуми, но механичарите предолго се задржаа работејќи на неговото предно лево тркало. Поради олабавување на истото, Роман се откажа во 31от круг додека се возеше во поени.

Кругот број 19 беше моментот кога Антонио Џовинаци попушти по борбата за 9то место која се водеше неколку кругови. Италијанецот гледаше во ретровизорите наместо на патеката, погреши и беше минат најпрвин од Кевин Магнусен, а по 2-3 кривини и од Нико хулкенберг по што падна на 11то место, влегувајќи во бокс брзо потоа.

Валтери Ботас остана лидер до 23от круг кога се реши да влезе по нови гуми, смени на медиум, а два кругови подоцна истото го стори и Макс Верстапен кој излезе на 4то место, на кое се наоѓаше и пред да почне серијата промена на гуми.

Последен од водечкатса петорка по нови гуми влезе Шарл Леклер кој во 29от круг влезе по нови гуми, но откако неколку возачи се пожалија на абењето на медиум, возачот од монако се реши да монтира хард компонента, најтврда од гамата за Австралија.

Откако сите променија гуми, Макс Верстапен беше толку брз колку што Себатијан Фетел беше бавен и по еден круг напад успеа да мине во 31от круг, лесно, на втората ДРС зона, пред да “се пушти“ во лов на Хамилтон. “Бркајќи“ во актуелниот првак, направи и грешка излетувајќи на првата кривина, но без последици.

31от круг исто така беше моментот кога домашниот возач Даниел Рикардо се откажа. Австралијанецот промени гуми во првиот круг, промени предно крило, но во својот обид да напредуван а стартот, го оштети и други делови од болидот поради што не успеа да го дочека крајот на трката.

Во последните кругови имаше трка помеѓу Валтери Ботас, лидерот на трката и третопласираниот Макс Верстапен кои се бореа за поенот кој го носи најбрзиот круг.

Возачите на Ферари имаа брзина доволна за 4то и 5то место, а Шарл Леклер на неколку кругови кон крајот дојде до Себастијан Фетел, но очигледно доби наредба од Матиа Биното да не го напаѓа својот колега.

Најдобар од останатите по одлична трка беше Кевин Магнусен со својот Хаас, кој најголем дел од трката се бореше со Нико Хулкенберг кој заврши зад него, на 7мо место. Кими Раиконен беше 8ми и заврши со 4 поени, Ленс Строл беше 9ти иако вчера не успеа да мине во К2, а неговиот колега Чеко Перез стартуваше од 10то место, а заврши на 13то. Последниот поен по долга борба со Гасли од Ред Бул, го освои Даниил Квјат.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.