По пауза од 113 трки односно ог Австралиското Гранд При во 2013 година, Кими Раиконен победи на трка. Прва победа за финецот во Тексас и прва победа за Скудерија во Остин, откако во 2006 Шумахер победи за нив, но на Индијанаполис.

Кими Раиконен чекаше повеќе од 5 години на својата 21ва победа во кариерата, а патем дојде и до 101от подиум и само 5 помалку од Алан Прост. Второто место на Верстапен му го донесе неговиот 19ти подиум, додека 3то место на Хамилтон значеше 132ри подиум за него.

Триумфот беше 235ти за Скудерија Ферари и нивни 747ми подиум. Ред Бул стигна до 158от подиум, а Мерцедес до 177от.

Стартот донесе тон возбуда, како и што се очекуваше од патека со карактеристиките на КОТА. Најпрво Кими Раиконен со своето СФ71Х беше пребрз за Луис Хамилтон на стартот, британецот се обиде да ја задржи својата пол позиција, но неговиот Мерцедес немаше доволно сила да се носи со Раиконен. Кими мина и диктираше темпо.

Зад нив борба на Фетел со Риакрдо. Себастијан повторно нетрпелив во обидите чисто да мине крај Даниел Рикардо, се бореа тркало до тркало неколку кривини, дојде до контакт по кој повторно германецот го извлече подебелиот крај. Рикардо продолжи понатаму, Фетел се изврте и продолжи од опашката, морајќи да претекнува болиди до крајот на трката.Инцидентот беше под истрага од стјуардите, но казна не доби никој.

Во позадина, реприза од Сочи, Фернандо Алонсо против Ленс Строл. Канаѓамецпт беше надвор од патеката и се приклучи до Нандо, двајцата не се забележаа, а Вилијамс буквално влета во страничниот дел на Мекларенот. Нервозен преку тимското радио Фернандо мораше токму таму да ја заврши трката, додека Ленс доби казна од минување низ боксот.

Уште еден дуел во позадина, Роман Гросжан како и многу често сезонава се прецени на кочење и удри во левиот страниечн дел на Шарл Леклер, уништувајќи ја трката на младиот возач на Заубер. Гросжан продолжи до 5от круг кога се повлече во гаражата поради оштетувања на болидот од сударот.

Во овие кругови, Себастијан Фетел беше човекот на моментот откако претекнуваше многу болиди и до 5от круг се најде на 10то месро. Следниот круг го претекна Серхио Перез за 9то, вво 7от круг го претекна и Естебан Окон за 8мо место, а во 9от круг и Карлос Саинз за 7мо место.

Деветиот круг беше моментот кога Ред Булот на Даниел Риакрдо буквално изгасна на излезот од една кривина. Возачот не пријави никакви проблеми, но едноставно “секна“ струјата во неговиот РБ14 болид. Паркирањето на Рикардо крај патеката го донесе Вируелното безбедосно возило од 9от до 12от круг, период во кој на “бесплатно“ менување гуми се реши Луис Хамилтон. Сепак, дека беше преоптимистички да се промени гуми во 11от круг и да се очекува софт да издржат 45 кругови се покажа подоцна во трката.

Круго број 12 беше моментот кога Фетел го мина Хулкенберг за 5то место, а Валтери Ботас по тимска наредба преку радиото, го пропушти без никаква борба Луис Хамилтон да дојде на второ место и да “го брка“ Кими Раиконен. Во тој период заврши истрагата на стјуардите кои му доделија 5 секунди на Саинз за напуштање на патеката во првиот круг и стекнување на предност со тој маневар.

Раиконен промени од ултрасофт на софт во 21от круг откако неколку кругови го држеше зад Себе Луис Хамилтон кој во тие моменти беше многу брз со новите гуми. Следниот круг од софт на суперсофт промени и Макс Верстапен, круг потоа и Ботас, но Ред Бул го мина Мерцедес преку бокс.

Кругот број 25 беше моментот кога Фетел го пропушти Раиконен кој во тие моменти беше очигледно побрз од него поради новите гуми. Тимската наредба се одработе без проблем.

Себастијан беше неконкурентен неколку кругови, беше минат од Верстапен во 27от круг и веднаш се упати кон гаражата по нови софт гуми. Германецот излезе на патеката и имаше феноменално темпо.

По сударот од првиот круг, Шарл Леклер издржа 30 кругови на патеката по што мораше да се повлече од белјата по име Роман Гросжан што го снајде.

Во кругот број 37 Мерцедес призна дека погрешиле што толку рано под ВБВ промениле гуми кај Луис и го повлекоа возачот повторно во бокс. Но, Хамилтон немаше нови меки гуми, така што на патеката повторно излезе со жолти софт. По излегувањето на патеката актуелниот првак беше многу брз, имаше страшен ритам и во 40от круг беше пропуштен од тимскиот колега Валтери Ботас.

Следуваа 16 кругови бркотница. Луис Хамилтон беше по секунда по круг побрз од Верстапен и Раиконен кои беа пред него и многу брзо се залепи зад нив. Никој не успеваше доволно да се доближи се до 54от круг кога Хамилтон проба да го мине Макс, имаше страшна борба, Луис се држеше на дистанца поради големиот влог, Ред Бул во еден момент изгледаше безнадежно, но Макс успеа да ја задржи позицијата. Феноменална трка за Макс, тргна од 18то место, а заврши на второ.

Круг пред крај, откако многу време се мачеше соодветно да се доближи, и Себастијан Фетел го помина Валтери Ботас. Дојде во ДРС, се доближи доволно, а финецот како повеќе да глрдше во ретровизорите.

Победа за Раиконен, Верстапен фантастичен и втор, Луис пред Себ и борбата за титула продолжува. Валтери Ботас со 5то место и ја загуби својата 3та позиција кај возачите. Најдобри од останатите возачите на Рено, Хулкенберг пред Саинз за простор за дишење за французите во борба за 4то конструкторско место. Форс Индија со Окон и Перез 8ми и 10ти, а Кевин Магнусен меѓу нив.

Со подобриот пласман на Хамилтон во однос на Фетел, британецот ја зголеми предноста на 70 поени на три трки пред крајот на сезоната. Кими Раиконен го превзема 3то место од Валтери Ботас и води 4 поени пред него. Следува Макс Верстапен со 45 поени во однос на својот колега. Најдобар од останатите е Нико Хулкенберг со 61 поен, пред Магнусен со 55, Окон со еден помалку, а Перез со два помалку.

Кај тимовите, водството на Мерцедес е намалено на 66 поени, додека Ред Бул се 160 поени зад “црвените“. Одличната трка им донесе двојни поени и простор за дишење на Рено кои сега имаат 20 поени предност пред Хаас, а следуваат Хаас кои се само 10 поени пред Форс Индија.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.