Из архива · Гонки и результаты

Австралија, Т3: Ферари најбрзи во неспоредлива сесија

· НАЈНОВИ СТАТИИ

Австралија, Т3: Ферари најбрзи во неспоредлива сесија

Третиот и последен тренинг на патеката Алберт Парк во Мелбурн, за Големата Награда на Австралија заврши во полза на возачкиот тандем на Ферари, Себастијан Ветел и Кими Раиконен. Третопласиран во сесијата беше Маркус Ериксон со Заубер Алфа Ромео, кој заедно со финецот каснеа повеќе од 2 секунди позади Ветел.

По челните позиции на Мерцедес и Хамилтон во Т1 и Т2, иако е изненадувачки да се види Скудерија на чело без Мерцедес во близина, сепак мора да се истакне дека тоа е случај поради фактот што сесијата помина во променливи временски услови, а првите тројца најбрзите кругови ги изведоа во самиот финиш, притоа користејќи ултрасофт пневматици, додека останатите го сторија истото на интермедиа.

Сесијата започна на влажна патека по обилните дождови во утрото и начелно повеќето возачи изведоа само инсталациски кругови, притоа не превземајќи непотребен ризик со новите болиди. Откако беа поставени првите времиња по круг, не треба да изненадува фактот што возачите на Ред Бул беа тие кои го превзедоа водството, знаејќи дека тоа се најповолни услови за шасијата од Милтон Кинс.

Без премногу возбуда во останатиот дел од сесијата, возачите повеќе внимателни додека патеката полека се сушеше. Во еден момент Луис Хамилтон мораше да се повлече во боксот, за што најпрвин се сметаше дека е проблем со менувачката кутија, но на крајот се врати на патеката со нов управувач.

Во поголемиот дел од последниот тренинг, помалку изненадувачки беше фактот што дуото на Форс Индија, Серхио Перез и Естебан Окон воопшто не излегоа на патеката, за на крајот да ја завршат истата само со 1 инсталациски круг.

За денешните квалификации се очекуваат поволни временски услови, а до тогаш ова е конечниот пласман од последниот тренинг во Австралија: