Из архива · Гонки и результаты

Австралија, Т1: Хамилтон ги засени останатите

· НАЈНОВИ СТАТИИ

Австралија, Т1: Хамилтон ги засени останатите

Првиот слободен тренинг на патеката Алберт Парк во Мелбурн, Австралија, го означи и почетокот на новата Формула 1 сезона, сезона која ветува голема возбуда, значително зголемена конкуренција на врвот, но исто така и во средината. Ако сосема нови болиди не се доволни за возбуда, тогаш променливите временски услови кои се очекуваат викендов, дефинитивно ќе ги “размрдаат“ работите.

Помалку вообичаено, првата тренинг сесија започна со прелиминарни проверки на болидите и инсталациски кругови. Сите возачи се појавија на патеката, а првите конкуретни времиња по круг беа поставени по скоро 30 минути.

Помалку интересно е што фабричката екипа на Рено е единствената во падокот која ја сподели својата тренинг програма со новинарите и притоа истакна дека нивната цел е споредлива анализа на различни елементи помеѓу болидите на Карлос Саинз и Нико Хулкенберг. Во случајот на Хулкенберг, беше користена поинаква верзија на страничните крила пред отворите за ладење на моторот од таа на болидот на Саинз.

Во првите 45 минути од тренинг сесијата, Луис Хамилтон го постави најбрзото време по круг од 1:24.531, позади него се најдоа Макс Верстапен и Даниел Рикардо со задоцнување во рамки од 0.5 секунди, а позади нив се најде дуото на Ферари, Кими Раиконен и Себастијан Ветел, кои доцнеа скоро 1 секунда.

Повеќето возачи поминаа околу 10 кругови во овој период, додека само Фернандо Алонсо и Стофел Вандорн со нивните Мекларен болиди не успеаја да извртат повеќе од 2 круга, по што се вратија во боксовите. На изгледа дека проблемите од тестовите во Барселона ги следат и во Австралија. Во болидот на Фернандо Алонсо повторно проблем беше системот за издувни гасови, кој се презагрева и ја оштетува покривката на моторот.

Во втората половина од Т1 возачите веќе се обидуваа да ги подобрат своите времиња. За среќа на Алонсо, Мекларен успеаја да го поправат малиот проблем, па и тој имаше можност да постави најбрз круг доволен за 8та позиција, што е значително подобрување од искуството со Хонда, додека неговиот тимски колега, Стофел Вандорн заврши на 10то место.

Иако е прерано да се каже, доказ дека Хаас Ф1 навистина се закана за сите тимови во средината беше и одличниот приказ на Роман Гросжан, кој својот Хаас го доведе до 7та позиција, веднаш позади возачите од водечката тројка. Неговиот тимски колега, Кевин Магнусен, немаше добра сесија и заврши на 17та позиција.

Помалку разочарувачки за новото партнерство помеѓу Заубер и брендот Алфа Ромео, нивните возачи завршија на последните две позиции.

При крајот на сесијата, возачите на водечката тројка се измешаа. Хамилтон и Ботас завршија на врвот, во уште еден приказ на доминација од Мерцедес, следени од Макс Верстапен, Раиконен, Ветел и Рикардо. Вреди да се напомене дека Мерцедес беа единствените од водечката тројка кои ја пробаа најмеката ултрасофт компонента, така што останува да се види колку е реална нивната предност во однос на Ред Бул и Ферари, доколку истата постои воопшто.

Ова е конечниот пласман по Т1.