Австралија: Победа за Розберг, лоша стратегија на Ферари
Зимскиот сон заврши и сите може да се фокусираме на новата Формула 1 сезона која започна викендов во Мелбурн, Австралија на патеката Алберт Парк. На типичен за Формула 1 начин, кога ништо не е едноставно и се мора да биде комплицирано, сезоната започна со голема драма и контроверзија со воведување на новиот квалификациски систем по пат на елиминација и тоа доведе до вистински дебати. Но денешната трка беше нов почеток за сите возачи, тимови и фанови.
Нико Розберг го започна новото првенство на совршен начин, откако го претекна својот тимски колега Хамилтон на првиот свиок и успеа да се одбрани од одличната форма на Ферари и Себастијан Ветел во понатамошниот дел од трката.
Во 18от круг, трката беше стопирана по тешкиот судир помеѓу Фернандо Алонсо од Мекларен и Естебан Гутиерез во новиот Хаас Ф1. Фернандо лошо го процени сопирањето и го закачи задното лево тркало на Гутиерез, при што излета во заштитната ограда и се преврти неколкупати. Важно да се истакне е што и двајцата возачи излегоа веднаш од своите болиди без никакви последици.
Во 23от круг почнаа проблемите на тимот од Маранело. Кратко по рестартот на трката, моторот на Кими Раиконен не успеа да го издржи темпото на финецот и тој беше принуден да се откаже од трката.
Розберг го превзеде водството откако стратегијата на Ферари целосно пропадна. Ветел беше на суперсофт пневматиците пред црвеното знаме и остана на нив, што му овозможи на Розберг да премине од софт на медиум и да вози до крајот на трката. Во меѓувреме на Ветел воопшто не му помогна следното влегување во бокс, кога при менувањето на предниот лев пневматик изгуби драгоцени 3 секунди.
И покрај слабиот старт, Хамилтон успеа да стигне од шестата до втората позиција и да ја заокружи 1-2 победата за Мерцедес. Ветел заврши на третата позиција, додека позади него, на 4то место заврши локалниот херој Даниел Рикардо.
Неверојатна трка имаше и тимот на Хаас Ф1, дебитантот во Формула 1. И покрај инцидентот на Гутиерез, Роман Гросжан извозе совршена трка и само на првата трка од нивното учество, им донесе значителни поени на Американците.
Ова е конечниот пласман по трката: