Из архива · Гонки и результаты

Абитебул одговори на обвинувањата: Ред Бул самите се криви

· НАЈНОВИ СТАТИИ

Абитебул одговори на обвинувањата: Ред Бул самите се криви

Кристијан Хорнер, тимскиот шеф на Ред Бул и возачот на тимот Макс Верстапен, по прераниот крај на Унгарското Гранд При по само 6 кругови побрзаа да ги обвинат Рено за неквалитетниот мотор кој го добиваат од Вири, а за кој плаќаат големи пари. Кристијан изрази разочарување и како шлаг на тортата кажа дека ќе остави време Сирил да дојде и да се оправда.

Се јави и повиканиот шеф на Рено, Сирил Абитебул кој смета дека екипата сама е крива за неочекуваниот дефект на патеката крај Будимпешта.

Во Монако инсталиравме подобар МГУ-К кинетички дел од Системот за повраток на енергијата, но Ред Бул не го користеа истиот поради начинот на кој моторот е спакуван во нивниот болид. Новиот МГУ-К дел менаџира со температурата и ја задржува истата многу поефикасно од претходната спецификација. Немаше никаков проблем кај нашите болиди, но не можеме да ги примораме Ред Бул да го користат, затоа што тоа е само нивна одлука – откри Абитебул.

Ова е последна година од соработката на Ред Бул и Рено затоа што екипата од Милтон Кинс ќе почне да користи мотори на Хонда од следната година.