FanVision се враќа на патеките

356

Формула 1 објави дека “изумот“ FanVision ќе се врати во спортот, прв пат по пауза од 5 години од неговата промоција и истото ќе се случи во Шпанија претстојниов викенд.

FanVision им дава можност на гледачите на патеката да следат преноси во живо, да имаат пристап до забавени снимки и најинтересни моменти како и аудио пренос со што ќе може да ја слушаат тимската комуникација додека ја гледаат трката кај патеката и сето тоа со помош на современ уред во стилот на таблет. FanVision дава пристап и до системот за официјално мерење на времето и дава податоци во живо како и статистика и слични “бојки“.

Протоколот кој работи е посебни дигитални трансмитери поставени на патеката така што истото не е зависно од безжичните мрежи на патеката кој се користат од телефоните на гледачите.

FanVision се враќа во Формула 1 за да ги подобри настаните на самото место на одржување на трките за фановите на нашиот спорт. Преку партнерството со FanVision, Формула 1 фановите ќе искусат најсовремена технологија “во живо“ како камери од болидите и непречена комуникација со тимовите од самото место на случување – најави Алберт Гома, Менаџер за дигитални и бизнис технологии на Формула 1.


FanVision се враќа на патеките

0 Коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>