Алфа Ромео Рејсинг започна ново партнерство со италијанскиот производител на облека, EGV UNO, преку кое тимот ќе има целосно нов изглед за 2019 година.

Основана во 1999 година, EGV UNO е еден од водечките прозиводители за уникатна деловна облека, а нивни клиенти можат да се најдат во авијацијата, тркачката индустрија, но и корпоративниот свет.

EGV UNO ќе ги снабдува Алфа Ромео со тимска облека кој ќе биде носена на секоја трка годинава, како и на други јавни настани, како пред-сезонските, сезонските и пост-сезонските тестови.

Задоволство е да им посакаме добредојде на EGV UNO во тимот како официјален партнер за облека. Облеката која ја носи нашиот тим и нашите возачи го покажува нашиот бренд и дух. Поради тоа, истата е главен дел од нашиот пристап кон секоја сезона во Формула 1. Одвај чекаме на успешната соработка – изјави тимскиот шеф, Фредерик Васур.

Како дел од договорот, EGV UNO ќе воведе платформа за е-трговија, овозможувајќи им на фановите да ги набават производите. Сопственикот на EGV UNO, Валерио Фумагали, истакна дека е возбуден за новата авантура.

Логото на компанијата ќе се појави на долниот дел од страничните отвори на новиот болид, кој ќе биде промовиран во утринските часови на 18 Февруари, првиот ден од предсезонскиот тест во Барселона.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.