Пирели ги објави пресметките за стратешките опции кои тимовите ќе ги имаат за време на Големата награда на Сингапур, но теоретски најбрзата стратегија не е возможна за топ 10 тимовите затоа што тие моеа да стартуваат на своите К2 гуми, односно на хиперсофт.

Ителијанците за трката на Марина Беј се решија за хиперсофт, ултрасофт и софт компонентите, а на тренинг сесиите и квалификаиците беше евидентна голема разлика во времињата поставени со двете најмеки компоненти.

Мерцедес за влакно се провлече со Хамилтон од К1 во К2 откако пробаа тоа да го направат со ултрасофтот, додека Ферари се обидоа истото да го направат за влез од К2 во К3, но откако увидоа дека е тешко оствариво, променија на најмеката компонента.

Поради нерамниот асфалт се очекува голема деградација и едвај 10-тина кругови од хиперсофт компонентата, рано влегување во бокс за топ 10 екипите и комплетирање на трката со две влегувања или пак бавно темпо за да се подолжи првата серија колку што може повеќе.

Прсметките на итеалијанците велат дека најбрзо е да се почне на ултрасофт, да се вози 24 кругови со него и потоа да се промени на софт. Доколку се почне на хиперсофт, се вози 13 крутови со него и се промени на софт ќе се загуби малку повеќе време.

Возможни се и две застанувања во гаражат, почеток на хиперсофт и потоа две серии со ултрасофт од по 25 кругови, а смо 11 со првичните ултрасофт.

Квалификациите донесоа многу тактички можности поради тоа што одлучивме да ги донесмее хиперсофт на Сингапур. Брзината со тие гуми е очигледна, но мора да се направи баланс на брзината и деградацијата за да се најде оптимална стратегија. Поради тоа, видовме различни опции на квалификациите и ќе биде интересно да се види кој направил исправен избор.

Уште една променлива е фактот што Сингапур е многу долга трка која секогаш е полна со настани и секогаш има Безбедносно возило. Поради тоа стратегијата мора да биде многу флексибилна за да се капитализираат условите и настаните.

Сите три компоненти ќе играат улога во стратегијата, откако е видлива големата деградација на хиперсофт и речиси никаквата на софт – изјави Марио Исола.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.