5то место на Саинз во борба со Мекларен

241

Карлос Саинз го освои најдобриот пласман во неговата кариера со Рено по 5то место на драматичната трка за Голема Награда на Азербејџан. Со освоените поени, француската екипа е на само 1 поен позади Мекларен во генералниот пласман.

Во интензивната битка на средината во 2018 година, Мекларен води на 4то место, но пласманот на Саинз по сударот на двата болида на Ред Бул и откажувањето на Ботас, ја намали таа разлика на минимум.

Саинз, кој премина во Рено на 4 трки до крајот на 2017 година, го имаше најдобриот пласман.

Многу сум среќен, ова беше многу забавна трка, како и секогаш во Баку, беше лудница со многу лош грип. Мојот прв стинт беше многу силен и успеав да ги претекнам двата болида на Ред Бул на патеката.

Потоа, со софт пневматиците беше потешко и на крајот моравме да се бориме за ова 5то место. Позитивно е за тимот да одиме кон Европа со силна позиција во првенството.

Морам да работам напорно со моите инженери и да го развиваме болидот како што ми одговара, со цел  да стигнеме до повеќе поени – изјави Саинз.


5то место на Саинз во борба со Мекларен

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>