24 Ле Ман: Што ги привлекува Ф1 возачите кон престижната трка?

191

Во 86то издание на престижната трка 24 часа Ле Ман, дури 24 возачи кои учествувале на барем една Формула 1 Гранд При трка, го пријавија своето учество, вклучувајќи два претходни шампиони: Фернандо Алонсо, Оливие Берета, Себастијан Борде, Џианмариа Бруни, Себастијан Буеми, Џенсон Батон, Пол Ди Реста, Џанкарло Физикела, Антонио Џиовинаци, Камуи Кобајаши, Иан Ламерс, Педро Лами, Андре Лотерер, Јан Магнусен, Пастор Малдонадо, Хуан Пабло Монтоја, Казуки Накаџима, Фелипе Наср, Витали Петров, Стефан Сарацин, Бруно Сена, Вил Стивенс, Гидо ван дер Гарде и Жан-Ерик Верн.

Но што ги привлекува толку многу Ф1 возачите кон овој настан?

Оваа година, два претходни светски Ф1 шампиони ќе стартуваат на 24 часа Ле Ман. Џенсон Батон со тимот на BR Engineering, автомобил BR1-AER LMP1 со број 11, кој позади себе има 306 Гранд При трки, 15 победи и ја освои титулата во 2009 година, како и Фернандо Алонсо со тимот на Тојота, автомобил TS050 Hybrid LMP1 со број 8, кој позади себе има 300 Гранд При трки, 32 победи и беше Ф1 шампион во 2005 и 2006 година. Во претходни изданија на трката досега имаат учествувано 20 Формула 1 шампиони.

Фантастично е што ќе учествуваат Фернандо, Хуан Пабло Монтоја, Пастор Малдонадо, Камуи Кобајаши и Витали Петров и ќе можам да се натпреварувам против нив. Одлично е да се видат толку многу поранешни Ф1 возачи кои ги сакаат трките на издржливост, а особено 24 часа Ле Ман, врвот во оваа дисциплина. Ова ќе биде неверојатна година за настанот – изјави Џенсон Батон.

Пастор Малдонадо ќе вози за тимот на ORECA 07-Gibson Dragon Speed LMP2 #31. Тој возеше за екипите на Вилијамс и Лотус со кои учествуваше на 96 Гранд При трки и има 1 победа и ги сподели следните причини поради кои тој учествува:

За мене, постојат три причини. Најпрвин, имаме можност да претставуваме многу професионални тимови. Второ, имаме можност да возиме неверојатни автомобили. Трето, оваа трка е историска! 24 часа Ле Ман е цел за сите. Дури и пред да се тркам во Ф1, бев заинтересиран за Ле Ман, огромен фан сум. Исто така живеев во Ле Ман цела година во 2005. Многу добро сум запознаен со трката и со атмосферата. Ги имам следено сите трки одтогаш и за мене е магично да се биде тука – вели Пастор.

Хуан Пабло Монтоја ќе вози за екипата на Ligier JS P217-Gibson, United Autosports, LMP2 #32. Поранешниот возач на Вилијамс и Мекларен има 97 Гранд При трки позади себе и 7 победи.

Ова е навистина извонредна трка и поради тоа толку многу возачи се заинтересирани. Фернандо цели кон Тројната Круна. За мене и Џенсон, ние едноставно го обожаваме тркањето. Го обожавам! – изјави Монтоја.

Фелипе Наср ќе учествува со тимот на Dallara P217-Gibson, Cetilar Vilorba Corse, LMP2 #47. Поранешниот возач на Заубер има настан на 38 Гранд При трки.

Мислам дека има толку многу од нас (Ф1 возачи) бидејќи оваа трка не тера да се справиме со нови предизвици. Кога сте Ф1 возач, единствено нешто што ве интересира е Гранд При-то. Ако не сте во еден од трите врвни тимови, неможе да целите кон финиш на подиумот, а камоли победи. Некои возачи биле дел од Ф1 10 години без да забележат добар резултат. Трките на издржливост, позади управувачот на прототип, ви даваат шанса да победите или да застанете на подиумот на секоја трка. Ова е ново искуство кое Ф1 возачите сакаат да го почувствуваат. Дополнително, атмосферата е толку забавна – истакна Наср.

Гидо ван дер Гарде ќе настапи за екипата на Dallara P217-Gibson, Racing Team Nederland, LMP2 #29. Поранешниот Ф1 возач за Катерхам има 19 Гранд При трки и воедно е шампион во 2016 година во европската Ле Ман тркачка серија.

Ле Ман е една од најголемите трки во светот! Толку многу е популарна. Луѓето доаѓаат дури и при поројни врнежи на дожд. За мене, дури по Формула 1, не постои ништо слично на Ле Ман. Мислам дека поради тоа толку многу возачи се привлечени кон оваа трка – вели ван дер Гарде.


24 Ле Ман: Што ги привлекува Ф1 возачите кон престижната трка?

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>