Уште една Ф1 сезона и повторно огромни очекувања од страна на Ферари.

Дали навистина во тие ќе успејат да ја вратат титулата во Маранело по 2008 година?

  • Ранг во 2018: 2 место
  • Возачи во 2019: Себастијан Фетел, Шарл Леклер
  • 2019 Болид: СФ90

Најдобро

Освојување на двете титули. Толку е едноставно за Ферари. Тие го имаа најбрзиот болид во предсезонските тестови, беа на второ место по извозени кругови и ги покажаа сите знаци дека се способни да извозат уште повеќе кругови и да бидат и побрзи доколку сакаат. Тестовите можеби се лажна битка, но и во таа лажна битка тие победија убедливо.

Во за нив најдоброто сценарио, Шарл Леклер само ќе ја засили екипата. Ферари сигурно ќе победат на трки годинава, но тие навистина сакаат двата болида да финишираат што поблиску еден до друг. Премногу често минатата година, Ферари не успеа да ја максимизира својата предност. Тие победија шест пати, но не стигнаа до еден-два финиш, додека Мерцедес имаа четири такви. Исто така, тие не беа често во позиција во која ќе имаат стратешки луксуз каде што вториот ќе биде во можност да ја брани позиција. Има многу интерес да се види колку е навистина добар Шарл Леклер, но во реалност не е важно дали е побрз од Фетел или не. Се додека ја има формата на Фетел, тоа ќе биде предност за Ферари.

Годинава, досега барем, во гаражата на Ферари се забележува самодоверба која не беше присутна подолг период.

Најлошо Сценарио …

Се друго освен освојување на двете титули. Ферари го имаат најбрзиот болид, четирикратен шампион, најмладиот фаворит во Ф1 позади управувачот, како и доза на смиреност преку Матија Биното. Ова треба да биде нивна година, но што ако не е?

Тие кои се сомневаат ќе истакнат дека Ферари беа брзи по тестовите и минатата година, а сепак не успеаја. Мерцедес имаа далеку подобар развој во текот на годината и направија помалку грешки. Од силна почетна точка, тие на крајот исчезнаа, а во моменти заостануваа и позади Ред Бул. Тоа може повторно да се случи.

Двете клучни промени во зимскиот период може да имаат ефект во две насоки. Унапредувањето на Биното може да го ослаби техничкиот оддел, кој под негово водство беше едно од подобрувањата во Ферари. Изборот на Леклер пак може да има повеќекратни конотации.

Минатата сезона Фетел и Раиконен финишираа во 16 трки. Секој возач беше подобар од другиот во осум од тие. Ферари одлучија да се откажат од Раиконен, возач со докажано искуство на патеката, во замена за Леклер, чиј што најдобар пласман му е шесто место и тоа во луда трка низ улиците на Баку каде неговата способност да го избегне ѕидот беше единствената предност.

Никој не се сомнева дека Леклер ќе биде голема звезда во Фомула 1. Прашањето е дали тоа ќе се случи оваа година, или не. Историски гледано, последниот пат кога Ферари ангажирале возач со толку малку искуство се далечните 1980ти. Леклер може да биде ризик. Пресметан ризик, но сепак ризик.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.