Ова е година за промени во Ред Бул, откако Даниел Рикардо замина во Рено и е заменет со Пјер Гасли и Хонда е новиот снабдувач на агрегати.

Рецепт за успех? Да го разгледаме најдоброто и најлошото за четирикратните шампиони.

  • Ранг во 2018: 3 место
  • Возачи во : Макс Верстапен, Пјер Гасли
  • 2019 Болид: РБ15

Најдобро Сценарио …

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Земајќи предвид како Ред Бул доминираа во Формула 1 помеѓу 2010 и 2013 година, се освен освојување на двете титули би можело да се смета како најлошо сценарио за сопствениците на екипата.

Но во реалниот свет, најдобро сценарио за Ред Бул ќе биде да ја зачуваат својата позиција од последните 5 години: Да имаат болид кој ќе може да конкурира на врвот и кој ќе може да се појави на секоја патека и да победи поради сопствените заслуги.

Врз основа на перформансите во тестовите, тешко е да се каже дека се таму. Тие изгубија многу драгоцено врмее поради неколку грешки и не успеаја да притиснат во последните неколку денови додека сите останати беа фокусирани на максимални перформанси.

Според изминатите кругови, Ред Бул беа осми од 10 екипи, додека нивното најбрзо време по круг беше доволно само за 7мо место, 8 десетинки позади најбрзиот круг. Но тоа време тие го поставија со К3 пневматиците, додека сите останати со најбрзата и најмека К5. Исто така, Ред Бул имаше повеќе подобрувања за својот болид, но не ги искористи сите. Јасно е дека има дополнителни перформанси во РБ15.

Нема сомнеж дека Ред Бул сакаа да ја продолжат соработката со Макс Верстапен, но и со Даниел Рикардо, а заминувањето на австралијанецот дефинитивно беше удар за екипата. Пјер Гасли, младиот французин кој го заменува, очигледно е брз, но Рикардо е победник на трки и неверојатен финишер на подиуми.

Но промената може да биде предност за Ред Бул. Рикардо и Верстапен со нивните дуели ги чинеа Ред Бул многу поени во последните неколку сезони, не само во трките во кои се удрија еден во друг, туку и во трките во кои се блокираа еден со друг.

Доколку Гасли е доволно брз да ги притисне Верстапен, Ред Бул ќе имаат добар тандем. Но доколку Гасли е неколку десетинки позади Верстапен, тогаш Ред Бул ќе уживаат во бенефитот од очигледни возач број 1 и возач број 2.

Фокусот на Ред Бул е кон изработката на болид и добивање на мотор кој ќе ги доведе доволно блиску до Мерцедес и Ферари, а потоа Верстапен или Гасли ќе треба да го направат останатото. Ако успеат во тоа, тие ќе бидат среќни.

Најлошо Сценарио …

Ред Бул можеби прифаќаат дека ќе заостануваат во однос на формата годинава, доколку веруваат дека Хонда напредува. Може да си дозволат да освојат половина од 419 поени колку што освоија во 2018 година и сеуште да имаат предност пред останатите. Потенцијалната грижа е доколку тие поени заминат во рацете на Рено. По неколку години во кои нивната врска беше на најниско ниво, обновениот фабрички тим на Рено кој ќе го победува слабото партнерство на Ред Бул и Хонда може да биде вистински хорор за екипата од Милтон Кинс.

Многу ќе зависи од Хонда. Ред Бул никогаш не биле екипа која ќе компромитира својата шасија за да удоволи на агрегатната единица. Повеќето сметаат дека Хонда имаше подобра сезона со Торо Росо минатата година, одколку со Мекларен. Многу веројатно тоа беше случајот бидејќи Торо Росо беа по отворени кон Хонда за разлика од Мекларен. Доколку моторот на Хонда не функцонира во тесниот пакет на Ред Бул, со систем за ладење на самата граница, тогаш би можеле да бидеме сведоци на продолжение од ситуацијата со Мекларен. Во тој момент, ќе биде интересно да се види дали Ред Бул научиле од своето искуство со Рено и ќе продолжат понатаму, или пак Хонда ќе биде уште еден експресно заменет дел.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.