Една стана две, две набргу станаа три, три станаа четири, четири станаа пет .. но дали Мерцедес навистина можат да стигнат до шеста последователна двојна титула во ?

Ова е најдоброто и најлошото за Сребрените Стрели.

  • Ранг во 2018: Шампиони
  • Возачи во 2019: Луис Хамилтон, Валтери Ботас
  • 2019 Болид: W10 EQ Power +

Најдобро Сценарио …

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Најдоброто сценарио за Мерцедес е едноставно, очекувани резултати. Зимскиот тест покажа дека Ферари се можеби малку побрзи од Мерцедес, но тоа не значи дека се подобри. Разликата во времињата помеѓу двете екипи, само 0.003 секунди, е ирелевантна. Тоа што Мерцедес беа единствениот тим кој помина над 1000 кругови и комплетираше 3 должини на трка повеќе од Ферари, не е важно. Но тие сепак ќе бидат задоволни што првенството во 2019 зависи од неуспехот на Ферари. Тоа е притисок кој никој не го посакува.

Тоа што повеќето ќе го забележат од зимските тестови е дека Мерцедес и Ферари имаат платформа кој може да цели кон главната награда годинава. Ова нема да биде сезона каде најбрзиот болид на Алберт Парк ќе доминира цела година, туку сезона каде постигнувањата во развојот и правилните одлуки ќе ја направат разликата, а генерално, Мерцедес се подобри во тоа во последно време. Тие имаат совршена организација навикната на победи, а понекогаш токму тоа му треба на тимот.

Потоа тука се и возачите. Тешко е да се знае како партнерството помеѓу Фетел и Леклер ќе функционира во Ферари, најверојатно многу добро, но Хамилтон и Ботас се комбинација без ризик. Иако некои фанови посакуваат да се врати ерата од Хамилтон против Розберг, Мерцедес всушност станаа посилни без германецот, подобри во стратегии за трка, наместо еднаквост. Моменталниот тандем исто така нема историја на меѓусебни судари. Тоа помага.

Во минатото, некои возачи немаа мотивација без меѓусебните дуели во гаражата. Тоа изгледа дека не е случајот со Хамилтон, кој најверојатно возеше далеку подобро минатата година од било кога. Можеби не беше најбрз, но беше смирен, постојан и донесе подобри одлуки. Луис Хамилтон кој вози кога е среќен, без премногу нешта на неговиот ум, би требало да биде доволно да ги заплаши ривалите.

Најлошо Сценарио …

На сите работи им следува крај. Формула 1 поминува низ процес и можеби ерата на доминација на Мерцедес се ближи до својот крај.  Петкратни шампиони по ред е импресивно достигнување, но ништо не трае засекогаш во спортот, инаку не би било спорт. Знаците за тоа беа присутни во последните неколку години. Мерцедес мораа да работат напорно и да го развиваат својот болид во текот на сезоната повеќе од минатите години. Ерозијата во предноста во освоени поени пред конкурентите укажува на тоа: 296, 275 и 297 поени кога беа на врвот, потоа 146 поени во 2017 година и само 84 поени минатата година.

Не е фер да се претпостави дека најлошо сценарио за Мерцедес е се освен освојување на се. Постојат делови во организацијата кои сакаат борбата за титула да се одвива до крајот, дури и да заврши во неуспех. Вистинското најлошо сценарио е Мерцедес да ја загуби титулата без битка. Дали е тоа можно? Не е веројатно, но Ф1 знае да ги покаже сите слабости, а Ферари најверојатно имаат поголема предност во тестовите од таа прикажана преку времињата по круг.

Тешко е да се претпостави каков ефект ќе има неконкурентен болид над Мерцедес. Тие не ја започнаа 2018 најдобро, но В09 секогаш беше во конкуренција, а на почетокот тие и немаа среќа. Оваа година, доколку бидат поразени во првите трки и имаат прилично заостанување, ќе биде интересно да се види дали Мерцедес можат да се вратат себеси посилни во европските трки. Тоа не е ситуација во која биле претходно.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.