Италијанскиот возач на , Антонио , е среќен што ќе го има крај себе Формула 1 шампионот од 2007 година за свој колега.

Џовинаци доби место за тркање во тимот од Хинвил сезонава откако последните две сезони ги мина во развој на болидите на Ферари, а на почетокот од 2017 година дебитираше на две трки за Заубер, како замена за тогаш повредениот Паскал Верлејн.

нема никаков податок за потенцијалот на новиот болид, така што за мене ќе биде многу важно да напредувам од трка на трка. среќен сум што ќе го имам кими за свој колега затоа што ќе биде одличен репер за моите перформанси – смета џовинаци.

Откако минатите години беше редовно присутен во Маранело и добро се знае со Кими, Антонио стигна и да се пошегува:

последните месеци зборував многу повеќе со кими одошто минатите две години во ферари.

тој е добар и транспарентн така што јас сум многу среќен што ќе го имам за колега.

Работата во симулаторот на Ферари била клучна за италијанецот, чија кариера во одреден момент била финансирана од Рикардо Гелаел, татко на актуелниот Формула 2 возач Шон Гелаел. Трансферот во Ферари значеше дека тој е во пол позиција да заземе место во Заубер, односно Алфа Ромео.

искуството е неверојатно затоа што работите со врвни професионалци и возачи од калибарот на фетел и раиконен во мојот случај. со текот на времето тоа ми стана рутина, но јас секогаш гледав шанса во таквата работа. мојата шанса беше да ги убедам ферари дека сум добар.

Лани Антонио се обиде и на 24 часа Ле Ман со Ферари ГТЕ тимот што му беше единствена официјална трка од почетокот на 2017 година кога го менуваше Верлен. На Кинеското Гранд При за Заубер тој имаше голем судар на квалификациите, нешто што го опишува како најлошо во кариерата.

знаев добро дека шансите за формула 1 се малку, а тогаш сметав дека ја пропуштив својата можност. не бев среќен со себе, можев да покажам многу повеќе. две години се обидував да ги разубедам оние кои не веруваа во мене преку работа.

бев на клупа, но константно се подобрував така што среќен сум што гледам дека конечно работата ми се исплати. но во исто време сум свесен дека пристигнувањето во алфа ромео е само почеток и дека морам да покажам дека заслужувам таква можност.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.