Новиот возач на Заубер, италијанецот Антонио Џовинаци, смета дека неговите две претходни трки во Формула 1 нема воопшто да му помогнат за следната сезона, која ќе биде негова прва во спортот.

Џовинаци на почетокот на 2017 година во два наврати го менуваше тогаш повредениот Паскал Верлејн, потоа имаше и неколку тренинг сесии како и тестови за Заубер и Ферари.

за жал, моето тркачко формула 1 искуство беше одамна, на почетокот на минатата година. не беше ни цел викенд во австрија, само сабота и недела, а во кина пропуштив петок поради времети и почнав од сабота. беше тешко и се надевам дека средната година ќе биде многу полесно.

ќе ги имам зимските тестови во барселона и ќе бидам далеку поподготвен за малбурн – најави антонио.

Од својата последна трка во Формула 1, младиот штитеник на Ферари има само една трка и тоа на 24 часа Ле Ман.

не можам да дочекам да почнам со работа, ми недостасува притисокот кој го носи тркачкиот викенд, ми недостасува да се тркам во недела. релаксиран сум секогаш во петок, но вистинскиот притисок е во недела.

ќе биде тешко на првите неколку трки, ќе имам светски шампион крај мене кој има огромно формула 1 искуство. треба да си ја сработам мојата работа и да се подобрувам на секоја трка. ќе видиме на крајот од сезоната колку добра работа сум завршил.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.