Антонио Џовинаци е свесен дека неговите перформанси на тестовите одработени за Ферсари и Заубер по трката во Унгарија не му гарантираат тркачко Формула 1 место следната сезона. Италијанецот одлично се покажа во текот на двата денови тест кои му беа доверени, а во Вторник дури беше и најбрз и го сруши рекордот на патеката.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Годинава Антониот е резерва во Ферари и Заубер, а често добива и петочни тренинг сесии за швајцарската екипа.

Среќен сум, Вторник беше одлично одработен ден за Ферари, а Среда одлично изработив за Заубер. Но, поради одличната работа не значи дека добивам тркачко место за следната година. Се се менува, а се што јас можам да направам е да дадам се од себе и да видам дали тоа ќе биде доволно – смета Џовинаци.

Откако возачот имаше две трки за Заубер како замена за Паскал Верлејн на почетокот на минатата сезона, нетрпелив е да се врати на тркањето.

Не може да замислите колку многу сакам да се вратам на тркањето. Ќе видиме, сеуште имам четири петочни тренинг сесии за Заубер сезонава, а на крајот ќе седнеме и ќе се договориме – смета италијанецот кој има можност да стане првиот италијанец во Формула 1 по Јарно Трули кои возеше до 2011 година.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.