Антонио Џовинаци изгледа како сериозен конкурент за тркачко место во Заубер следната сезона откако гласините дека Шарл Леклер ќе се префрли во фабричкиот тим на ФЕрари стануваат се посериозни.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Италијанецот доби шанса да вози на првата петочна сесија за екипата во Германија, тоа го направи прв пат сезонава, а потоа рече дека сериозно размислува за можност да се трка за Алфа Ромео Заубер следната сезона.

Беше убаво што се вратив во кокпитот на болид и се чувствував многу нормално и природно.

Добро ја познавам екипата затоа што првите две трки лани ги одработив за нив. Одтогаш Заубер многу пораснаа како екипа и ќе биде глупаво да кажам дека не сакам да се тркам за нив следната сезона – најави Џовинаци.

Освен Џовинаци, падокот шпекулира дека е можна замена Раиконен – Леклер со ФЕрари по што финецот би се вратил онаму каде ја почна својата Формула 1 кариера пред 17 години.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.