Џовинаци не е само возач за симулатор

201

Резервниот возач на Ферари, Антонио Џовинаци, вели дека е навистина тешко што не се трка во 2018 година и се надева дека ќе докаже дека не е само возач за симулатор со постојано возачко место наредната сезона.

Џовинаци заврши на второ место позади Пјер Гасли во ГП2 во 2016 година и го замени повредениот Паскал Верлејн во Заубер на првите две трки во 2017 година, но од тој момент тој ги извршува само тест должностите за Ферари и Заубер, како и дополнителни петочни тренинг сесии за Заубер и Хаас.

Ферари го направија Џовинаци свој трет возач во 2017 годинда, а италијанецот има се поголема улога во Скудерија како возач во симулаторот, помагајќи и на екипата со различни сетапи од фабриката во Маранело.

Неговата работа се вреднува многу од страна на Себастијан Ветел, но младиот возач не сака да остане само во таа улога.

Јас не сум возач само за во симулатор, сакам да бидам во болидот. Тоа е мојата цел наредната година. Сакам да ја добијам мојата можност и подготвен сум. Сакам да покажам дека сум добар возач, не само во симулатор.

Јас сум веќе презадоволен. Трет возач сум за Скудерија Ферари, нешто што е само сон за многу други возачи. За мене тој сон се оствари кога потпишав за Ферари.

Секако дека тоа што не сум на патеката е тешко, но ќе почекам една година и како што кажав, само ја чекам мојата можност да покажам дека сум навистина добар возач.

Навистина сум среќен и со работата во Заубер, тие одлично функционираат. Зошто да не возам и за нив? Но ќе почекаме.

Нашиот фокус е да имаме добро чувство со болидот и да ги запознаам луѓето во екипата, механичарите, инженерите. Јас ќе бидам подготвен за нив.

Ќе видиме што ќе се случи со другите возачи на пазарот. Постојат многу шпекулации. Мора да почекаме. Целта е да бидам на гридот. Се надевам на тоа за наредната сезона – вели Џовинаци.


Џовинаци не е само возач за симулатор

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>