Антонио Џовинаци повторно ќе се врати во Ц37 болидот на Заубер во текто на претстојниот тркачки викенд за Големата награда на Унгарија. Тој ќе се појави на втората петочна сесија годинава од вкупно петте кои се планирани со екипата од Хинвил.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

На Хокенхајм ринг тој го замени Маркус Ериксон, а во Будимепшта ќе го вози болидот на Шарл Леклер во текот на воведните 90 минути од тркачкиот викенд. Тој настапи на петочна сесија на Хунгароринг и пред 12 месеци, но тогаш со Хаас ВФ17 болидот.

Исто така, тој ќе остане со екипат да одработи тест ден по завршетокот на Унгарското Гранд При и ќе вози во Среда откако во Вторник денот ќе го одработи Ериксон.

Антонио има и две трки во Заубер зад себе откако лани на почетокот на сезоната го менуваше Паскал Верлејн кој беше повреден.


1 КОМЕНТАР

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.