Џовинаци го поздрави напредокот во Заубер

19

Откако првиот ден во Хунгароринг го одработи за Ферари, вториот ден Антонио Џовинаци возеше за Заубер и беше импресиониран од развојот на Ц37 болидот на тимот. Италијанецот мина 120 кругови во болидот од Хинвил.

Џовинаци го мина денот работејќи на механичко сетирање на болидот, тестирање на нови аеродинамички делови како и серии со различни компоненти на гуми.

Многу сум задоволен со тоа како помина денот. Беше одлично што се вратив во болидот на Заубер откако ја одработив првата петочна сесија на Гранд При викендот, а вчера бев во болидот на Ферари.

Со цел ден во Ц37 се чувствувам многу удобно и научив многу за однесувањето на болидот на патеката. Ја комплетиравме планираната програма што беше наша цел и задоволен сум поради тоа. Екипата направила фантастична работа со развојот на болидот.

Со собраните податоци се надевам дека многу им помогнав и дека ќе продолжат да работат во иста насока и само да се пдобруваат. Нетрпелив сум повторно да се вратам во болидот – изјави Џовинаци.


Џовинаци го поздрави напредокот во Заубер

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>