Младиот возач на Заубер, Антонио Џовинаци, го подржува користењето на камери како стандард на Ф1 болидите, откако возачите го критикуваа некоректното користење на ретровизори кои според Кевин Магнусен, се како да возите “на слепо“.Магнусен остро го критикуваше видното поле на задниот дел, најмногу поради промена на позицијата на задното крило, велејќи дека често е многу тешко да се видат возачите назад.

Моментално, задното крило го блокира погледот и не можам да гледам. Кога ќе се поместат, тогаш се видливи. Не може ништо да сторите освен да реагирате кога ќе ги видите.

Овие болиди се навистина лоши. Може да ги видите само кога сте под агол. Ако се директно позади вас, вие сте слепи – вели Магнусен.

Како резултат, Џовинаци, кој ќе вози за Заубер во 2019 годиан, го истакна своето искуство од ВЕЦ, каде што се користат камери, кои би биле како пробен случај за Формула 1.

Мислам дека се добра одлука. Сега е многу тешко да се види низ ретровизорите со сета таа аеродинамика, можеби екран ќе помогне.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Ќе зависи од тоа каде ќе стојат екраните, но мислам дека би биле добра опција. Во трките на издржливост ви се потребни ретровизори, бидејќи ЛМП1 автомобили се позади вас, или ГТ автомобили, така што мора да забележите повеќе.

Мислам дека е добро за возачите да се има задна камера.

Според Гунтер Стаинер, технологијата е присутвна. Тие би биле подготвени – вели Стаинер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.