Сопствениците на Формула 1 екипите со својот придонес со цел да ги спасат своите екипи ги спасило Либерти Медиа од голема мака и исчезнување на екипи на гридот, смета сопственикот на Хаас, Џин Хаас. Во текот на летото, Конзорциум предводен од Лоренс Строл ја спаси Форс Индија која се најде во постапка на администрација. Екипите кои влегоа на гридот во 2010 година, поточно ХРТ, Вирџин и Лотус, повеќе не постојат иако во кусиот дури и променија сопственици и беа Марусија, Манор и Катерхам, додека Лотус беше превземен од Рено.

Џин Хаас има и своја Наскар екипа Стјуард-Хаас Рејсинг и смета дека американските серии подобро се носат со таквите предизвици.

Тоа е лошата страна на тркањето, гледате луѓе кои потрошиле богатство на тркањето, а заминуваат со ништо. Тоа е честа појава и мора да го правите тоа од љубов за спортот. Промотерите очекуваат пари од бнизнисот, патеките исто така очекуваат профит, но речиси никој сопсетвеник на тим не работи со профит. Таков е бизнис моделот и како опстојува не знаеме. Во Наскар сопствениците сметаат дека сите други освен тие не работат со добивка и мислам дека тоа ќе се промени затоа што тимовите таму полека исчезнуваат.

Форс Индија речиси да ја снема и да не беше Лоренс Строл кој ги спаси или пак Ханс Раусинг во Заубер, тие екипи повеќе немаше да постојат. Тоа што се спасија “ја куртули“ Либерти Медиа ог голема мака и ако уште неколку други тимови почнат да имаат проблеми ќе стане многу тешко.

Новите правила се тешки, не може да се согласат за ништо нити за моторите нити за правилата, но тоа е типично за Формула 1 кога раководи комитет. Тоа е како да сакате 10 луѓе да влезат низ иста врата, но јасно е дека не можат. Не можам да зборувам за Либерти затоа што сметав дека ќе имаат слобода да прават што сакаат. Тие се судираат со истите проблеми како и сите ние, правила од ФИА од ФОМ од сопствениците … – објасни Џин Хаас за motorsport.

Џин е против тоа Форс Индија да добие пари за настапите од претходните сезони затоа што тоа е нова екипа и би требало да чека како што чекале и тие согласно одредбите на Конкорд договорот.

Секако дека не сакаме Форс Индија да исчезне и ќе направиме се согласно правилата, но во исто време не сакаме некој да ги прекрши она што е предвидено. ФОМ смета една работа, ние сметаме дека тоа не е така и не може да биде така и поради тоа сме подготвени да ставиме вето. Сакаме да ги чуеме повторно што ФОМ имаат да кажат и да ни објаснат зошто да го прифатиме тоа.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.