Џејк Денис: Неочекуваниот тест за Ред Бул беше “лудило“

120

Изненадувачкиот тест возач за Ред Бул, Џејк Денис, признава дека било “лудо“ да се види за што е способен еден Формула 1 болид по целосно неочекуваниот повик да ги покаже своите способности.

Денис има неколку победи во европската Формула 3 и ГП3 пред да се откаже од трки во едноседи на крајот на 2016 година. Тој премина во ГТ3 во 2017 година со тимот WRT Ауди, пред да се приклучи на екипата на Астон Мартин годинава, а партнерството на британската компанија со Ред Бул му овозможи тој да биде тест возач во симулатор за Формула 1 тимот. На тестовите во Барселона за Ред Бул возачот бил повикан само неколку дена пред почетокот.

Тој ја повтори својата улога и на тестот во Унгарија, кога на Ден Тиктум не му беше дозволено да вози.

Двата теста беа целосно неочекувани за мене. Не очекував да се случи тоа кога се приклучив на Ред Бул, а мислам дека и тие не го очекуваа тоа. Ова е остварување на сон, да се вози Формула 1 болид, сите велат колку се неверојатни и навистина е така.

Уживав во возењето. Возев на лимитот и тоа беше одлично искуство. Пневматиците се неверојатни. Имав проблеми во последниот сектор, но во еден и два .. Лудо е тоа што го прават овие болиди.

Бев повеќе опуштен од Барселона. Имав самодоверба во болидот во Барселона, но сега тимот знае за што сум способен, неморам да се докажувам и можам да уживам повеќе.

Во Барселона бев многу стресен, се случи се во последна минута. Добив повик четири или пет дена претходно.

Овој пат имав повеќе подготовки и тоа помага, а бројот на кругови кои ги поминав покажуваат дека сум доволно спремен – вели Денис.

Денис беше еден од четворица победници на наградата McLaren Autosport BRDC кои тестираа во Унгарија, а каде што му се придружија Џорџ Расел, Ландо Норис, како и Оливер Роланд. Истиот квартет тестираше и во Шпанија.

Ландо и Џорд се високо на Формула 1 скалилото и возат максимално во Формула 2 обидувајќи се да добијат место во Ф1. Јас се движам во друга насока во мојата кариера. Добро ми е ГТ3, тоа ми е работа сега. Одлично е што има толку многу британци кои целат кон Формула 1, но и во моторспортот генерално – додаде Денис.


Џејк Денис: Неочекуваниот тест за Ред Бул беше “лудило“

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>