Живата Формула 1 легенда, Џеки Стујард, го пофали Макс Верстапен за начинот на кој тој се поставил во врвот на моторспортот.

Верстапен оваа година победи на две трки и беше на чекор до третата победа, но по сударот со Окон не успеа да победи на Бразилското Гранд При. Тој е најмладиот возач кој возел во Формула 1 откако дојде во спортот на почетокот на 2015 година.

Начинот на кој тој порасна и брзо дојде до одлични перформанси е за пофалба – смета Стјуард.

Но сепак Џеки признава дека има повеќе млади возачи како Верстапен кои не успеваат да влезат во Формула 1 бидејќи немаат соодветна финансиска подршка.

Сега е тешко за младите возачи да дојдат во Формула 1 бидејќи не може да ги соберат финансиите.

Тој зборуваше и дека компаниите треба да покажат интерес за Формула 1 и да и помогнат тркачката серија во иднина.

Возите автомобил и не е важно дали се работи за Фиат или Ферари, важно е да се препознае рекламниот потенцијал на Формула 1 – заклујчи шкотланѓанецот.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.