Џеки Икс: Вандорн е иден возач број 1 во Мекларен

120

Тркачката легенда од Белгија, Џеки Икс, е убеден дека неговиот сонародник, Стофел Вандорн, ќе биде следниот број 1 возач во Мекларен поради неговиот талент, иако му недостасува самоувереност.

Вандорн е во сенка на Фернандо Алонсо, а воедно тој е единствениот на гридот кој не успеал да го порази својот тимски колега во квалификациите, односно 6:0 за шпанецот во овој дуел.

Јас не сум дел од тимот на Мекларен, но јасно е дека тие се во потешка ситуација. Тие имаат многу проблеми и мора целосно да се фокусираат на излез од ситуацијата.

Мислам дека е логично што Фернандо е број 1 возач. Но, Стофел е многу брз и неговиот талент нема да исчезне. На него му недостасува успех да се пробие, но тој ќе биде број 1 возач во иднина. Убеден сум во тоа – изјави Икс.


Џеки Икс: Вандорн е иден возач број 1 во Мекларен

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>