Поранешниот Формула 1 возач и сегашен стручен коментатор на Скај, Мартин Брандл, смета дека Карлос Саинз заслужува силен болид. Неговата иднина е непозната откако Рено откри дека нема да го потпише за следната сезона откако ја извозе годинава како позајмен возач за нив од Ред Бул.

Французите се одлучија да го земат Даниел Рикардо, а Карлос се надева дека во Милтон Кинс ќе го пополнат празното место со него и повторно ќе се трка крај Макс Верстапен како и кога почнуваше во Формула 1. Но, медиумите шпекулираат дека холанѓанецот може да стави вето на доаѓањето на Саинз во тимот, така што единствена изводлива опција за шпанецот останува Мекларен.

Ако Карлос Саинз не добие силен Формула 1 болид следната година ќе биде апсурдно и вознемирувачки. Тоа директно ќе влијае лошо на Формула 1 – напиша Брандл на Твитер.

Саинз во моментов е на 11то место во поредокот со 30 поени, 22 помалку од неговиот колега Нико Хулкенберг.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.