Главниот инженер на Ред Бул, Адриан Њуи, предлага Формула 1 да почне да користи таканаречен лизгав тротоар за да се почитуваат лимитите на патеката од страна возачите, откри Директорот за трка во Формула 1, Чарли Вајтинг. Проблемот стана голем откако Макс Верстапен влезе прешироко на квалификациите во Америка, мина предку еден тротоар и ја скрши суспензијата од болидот.

Тротоарите со поефикасни на едни патеки одошто на други, на пример на Ред Бул Ринг моравме да ги ставаме додатните тротоари зад веќе постоечките затоа што со минување преку нив суспензијата страдаше многу често. Болидите таму не може да се носат со висината на тротоарите.

Некои болиди немаа проблем таму, други имаа, но со редизајнот направија суспензијата да може да минува преку нерамнини од таков вид. Тие сакаат тротоарите да одговараат на болидите, но всушност болидите треба да се дизајнираат не за нив туку за патеките. Комплицирана тема за која тешко се наоѓа решение.

Неодамна Адриан Њуи дојде со решение да воведеме такаречен лизгав тротоар. Му реков дека тоа е во ред но доколку може да се најде тротоар што лизга за болидите, но е добар за моторите, ќе го користиме – откри Вајтинг.

Чарли смета дека фактот што Формула 1 дели некои патеки со други тркачки серии ја прави работата околу наоѓање на совршено решение многу тешка.

Тоа е најголем проблем, да се користат патеките идеално за повеќе тркачки серии без никакви проблеми. На РЕд Бул Ринг некои тротоари се демонтираат кога има трки со мотори.

Тоа е начин на функционирање на патеките и би било многу лесно да се бара од нив инсталирање на тротоари кои одговараат на се. Кога имате на пример Ферари челинџ серијата, тоа се господа кои возат насекаде и такви тротоари би ги уништиле. МотоГП исто така сака да вози на некои патеки кои Формула 1 ги користи, а исто и Супербајк серијата, а тие едноставно не сакаат тротоари затоа што им прават преголеми проблеми.

Токму поради тоа го измисливме двојниот тротоар, како што ние го нарекуваме, кои веќе го користиме на некоклу патеки – заврши Вајтинг.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.