Јос Верстапен верува дека син му Макс почнал многу повеќе да размислува во текот на трките и поради тоа нема повеќе пехови како што имаше во првиот дел на сезоната.

21-годишниот холанѓанец имаше тежок старт на 2018 година, но се подобруваше како што одминуваше сезоната, стануваше се поконстантен и побрз.

Напредокот кој го има во текот на годината е очигледен. По Монако направи одлучни чекори и почна многу повеќе да размислува во текот на трките – изјави Јос за Ziggo Sport.

И покрај тоа што Верстапен има една победа годинава, споредено со двете на неговиот колега Даниел Рикардо, константноста го донесе на 24 поени пред партнерот од тимот. Исто така, Макс во 10 последователни трки е побрз од Дани на квалификациите.

Секако дека во многу наврати го советувам. Разговараме за се заедно, тој ме слуша затоа што се договоривме секогаш да му кажувам што мислам, а потоа самиот да одлучи што ќе прави – откри постариот Верстапен.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.