Макс Верстапен доминантно стигна до највисокото скалило во Мексико, но квалификациите не беа толку блескави за него затоа што кругот на холанѓанецот беше за 26 илјадитинки побавен од круготи на неговиот тимски колега. Откако австралијанецот објави дека заминува во Рено на крајот на сезоната, го прати многу лоша среќа, се откажа дури 8 пати од трка сезонава поради механички проблем, така што беше пресреќен и превозбуден од освоената пол позиција.

Го видов Макс во Недела наутро и веднаш ми кажа дека многу лошо спиел. Тој незадоволен од болидот и пропуштената пол позиција, но исто така и од Рикардо и начинот на кој тој ја прослави пол позицијата, како да станал светски шампион. Макс беше лут и гневен и сакаше само да победи – откри Јос Верстапен за холански Ziggo Sport.

Сепак, на трка, Макс од стартот “го прелета“ својот колега и го загуби првото место само додека менуваше гуми. Рикардо имаше бавен старт и загуби две позиции, беше во борба за 2ро место, но неговиот болид откажа поради сличен проблем како и оној кој му се случи на саботната утринска сесија на Верстапен.

Утрото добив порадки од сестра ми и ќерка ми кои се надеваа дека Макс нема да направи нешто лудо, но кога тој е лут, тогаш е најбрз.

На крајот, беше добро што стартувше од второ место, погледнете го стартот на Хамилтон и како лесно се проби помешу Ред Бул болидите. Макс ќе беше од надвор ако стартуваше од пол позиција. Се заврши одлично.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.