Јос Верстапен: Фетел е навикнат да му се тргаат од патот

426
   

Јос Верстапен го  сподели и своето мислење по контроверзијата во која е вклучен неговиот син, Макс Верстапен и конкурентот за титула, Себастијан Фетел, откако двајцата имаа контакт при Јапонското Гранд При.

Возачот на Ред Бул го преживеа сударот и заврши на трето место, додека возачот на Ферари се изврте и на крајот заврши на шесто место.

Иако неговиот син е инволвиран во сиот метеж на повеќето тркачки викенди, Јос е среќен со напредокот на 21-годишниот возач на Ред Бул, кој го заборави лошиот почетен дел од сезоната и го подобри своето возење во вториот дел.

Мислам дека ако се доближувате до тој свиок со брзина од 270, 280 километри на час, а во кој треба да влезете со 200 километри на час, ви останува само краток момент за сопирање. Мислам дека не беше правилно место за таков маневар.

Фетел е навикнат сите да му се “тргаат од патот“. Ова е случај со возачи кои имаат мотор на Ферари. Тоа се гледа и во трката. Себастијан знае колку е тешко да се претекне Макс и мислам дека беше премногу оптимист во таа ситуација – смета Јос.

Фетел инсистира дека имало простор, но дека бил затворен од Макс. Германецот истакна дека сака да има приватен разговор со Макс пред наредната трка. Таа реакција Јос Верстапен ја поздравува.

Се надевам дека тоа ќе се случи, Макс исто така ќе може да ја каже својата верзија кога ќе разговараат. Тоа е подобар начин наместо сите да го споделуваат тоа преку социјалните медиуми.

Може да се види дека Макс напредува во текот на годината. По Монако, тој направи позитивни чекори. Тој сега размислува повеќе за време на трките.

Дали јас му го реков тоа? Да, неколку пати. Разговараме околу се и тој слуша бидејќи имаме договор дека можам секогаш да му кажам се, но на крајот, тој ќе донесе одлука – додаде Јос.

Во однос на сударот со Раиконен пред инцидентот со Фетел, стјуардите на ФИА сметаа дека Верстапен се вратил на патеката на небезбеден начин и го казнија со 5 секунди.

Тој се обиде да се врати на патеката. Потоа Кими беше покрај него додека Макс се обидуваше да помине низ свиокот. Ќе беше полесно за него доколку продолжеше право, како што тоа го стори Валтери подоцна во трката. Тој не го направи тоа бидејќи се плашеше од казна. Како возач, немате идеја што е правилно.

Пред се, возачот треба да знае што е дозволено, а што не. Тоа е сеуште нејасно. Еден го крати свиокот и ништо не се случува. Другиот се обидува да се врати и добива казна. Тоа не е правилно – заклучи Јос Верстапен.


Јос Верстапен: Фетел е навикнат да му се тргаат од патот

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>