Јапонија, Т3: Хамилтон најбрз, предноста пред Ферари исчезна преку ноќ

767
   

Луис Хамилтон ги заокружи слободните тренинг сесии на прво место, откако беше најбрз и на третиот слободен тренинг за Јапонското Гранд При, во сесија во која неговата предност пред Ферари целосно исчезна, но која исто заврши со црвено знаме по сударот на Нико Хулкенберг во бариерите во самата завршница.

Хамилтон успеа да го подобри своето време при крајот и да го надмине Фетел, поминувајќи го поголемиот дел од сесијата на подолните позиции.

Кими Раиконен беше најбрз пред Себастијан Фетел по нивните први летечки кругови со суперсофт, но мали врнежи на дожд станаа се посилни и посилни. Тоа ги остави Ферари на врвот, додека Хамилтон беше најбавен од сите 20 возачи.

Пролизгување од страна на Серхио Перез покажа дека мазните пневматици веќе не беа пригодни за условите и активностите на патеката прекинаа цели 15 минути додека тимовите чекаа времето да се подобри.

За водечките возачи требаше повеќе време да се навикнат, а Раиконен при својот прв обид излета во С-овите, но успеа да се врати на патеката. Фетел  го постави најбрзото време во првиот сектор, но отиде прешироко во Дегнер 2.

Последните 10 минути беа одлучувачки. Фетел беше првично најбрз со време од 1:29.715, а потоа Хамилтон извозе круг за 0.116 секунди побрз од германецот.

Раиконен не го подобри своето време и остана на трето место, пред Макс Верстапен од Ред Бул. Валтери Ботас се пласираше на петто место, додека Даниел Рикардо беше шестопласиран.

Естебан Окон стигна до седмата позиција, пред Серхио Перез, Карлос Саинз и Кевин Магнусен.

Било каква шасна за подобрување исчезна на помалку од 3 минути до крај кога Нико Хулкенберг излета во бариерите при стартот на својот круг. Поради големиот судар, сесијата беше прекината.


Јапонија, Т3: Хамилтон најбрз, предноста пред Ферари исчезна преку ноќ

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>