Јапонија, Т2: Хамилтон и Мерцедес неприкосновени по првиот ден

2316
   

“Уживам во најдобриот ден” – изјави Луис Хамилтон откако Мерцедес ја продолжи својата предност и доминација пред ривалите во втората тренинг сесија од Јапонското Гранд При.

Хамилтон заврши на врвот на Т2 со повеќе од 8 десетинки предност пред ривалот за титула, Себастијан Фетел од Ферари на трето место. Ниту еден од другите ривали на Мерцедес не заостануваа помалку од 1 секунда. Само Валтери Ботас заостануваше помалку од половина секунда позади својот тимски колега.

За Ферари имаше малку утеха во сесијата при долгите стинтови на крајот на сесијата. Фетел пренесе дека двата задни пневматици брзо се оштетуваат додека користеше суперсофт, компонента која Ферари ја има во најголем број за викендов, повеќе од било која друга екипа.

Возачите на Ред Бул завршија позади Ферари. Макс Верстапен беше на четвртто место, две десетинки позади Фетел. Кими Раиконен и Даниел Рикардо завршија на петто и шесто место, со десетинка разлика помеѓу себе.

Само еден од болидите со агрегат на Хонда заврши во топ 10, благодарејќи на Брендон Хартли. Естебан Окон, Роман Гросжан и Маркус Ериксон беа побрзи од него. Пјер Гасли имаше само кратко возење при крајот на сесијата откако неговиот Торо Росо имаше проблем со сензор.


Јапонија, Т2: Хамилтон и Мерцедес неприкосновени по првиот ден

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>