Јапонија, Т1: Хамилтон и Мерцедес “безобразно“ недостижни

995
   

Луис Хамилтон победи на последните 3 Гранд При трки во Јапонија, а во првата петочна сесија тој уште еднаш ја демонстрираше неговата брзина во Сузука поставувајќи го најбрзиот круг пред својот тимски колега, Валтери Ботас.

Хамилтон, кој води пред Себастијан Фетел со предност од 50 поени во генералниот пласман, на само 5 трки до крајот, го постави најбрзиот круг со софт пневматици, 0.446 секунди пред Ботас, иако британецот избегна сериозен судар на почетокот на сесијата со Пјер Гасли, пред последната шикана.

За среќа, Хамилтон имаше одлична реакција во последен момент и го избегна возачот на Торо Росо. Инцидентот е под истрага од стјуардите. Луис сесијата ја заврши со огромна предност пред ривалите. Даниел Рикардо од Ред Бул беше 0.662 секунди позади него на трето место, притоа користејќи ја најбрзата компонента на Пирели, суперсофт, за разлика од Хамилтон.

Позади првите тројца, Ферари, кои ги испратија своите возачи на суперсофт компоненти, не прикажаа некои посебни перформанси во првата сесија. Кими Раиконен ги предводеше “црвените“ пласирајќи се на четвртто место, со скоро една секунда заостанување, само 0.058 секунди пред Себастијан Фетел. Германецот не беше во можност да извози чист летечки круг.

Макс Верстапен се пласираше на шестата позиција, 1.150 секунди позади Хамилтон.

Првата сесија помина без посериозни инциденти. Фернандо Алонсо имаше несакано излетување од патеката на почетокот на вториот сектор, но искусниот шпанец умешно се “извлече“ од песочниот дел и се врати на патеката. Во Мекларен, на местото на Стофел Вандорн, возеше Ландо Норис, но тој воопшто не прикажа посебни перформанси и се пласираше на последната позиција.

Ова е конечниот пласман по првиот слободен тренинг:


Јапонија, Т1: Хамилтон и Мерцедес “безобразно“ недостижни

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>