Јапонија, квалификации: 80та пол позиција за Хамилтон

1027
   

Петта година по ред Мерцедес го има окупирано првиот стартен ред во Сузука. Луис Хамилтон дојде до својата 80та пол позиција во кариерата, а 5та во Јапонија носејќи го 98от саботен триумф за Мерцедес и нивни 5ти на Сузука. Крај него ќе стартува колегата Ботас, а зад Мерцедес ќе почнат Верстапен и Раиконен. Ферари повторно се коцкаше и загуби по што Фетел ќе мора да почне од 9то место.

Од до сега извозените 29 трки во Сузука, 14 пати победил возачот од пол позиција, а 11 пати второпласираниот. Победи уште имаат и возачите кои почнале од 5то, 6то и 17то место.

Квалификациите беа интересни уште од самиот почеток. На 10 минути пред крајот на првиот квалификациски сегмент, Себастијан Фетел се изврте во својот летечки круг иако изгледаше дека има одлично време. Момент по него излета Маркус Ериксон и беше само патник во својот болид крај патеката, прелета преку песочните делови и со задниот дел заврши во оградата по што донесе прекин на сесијата.

По првите 18 минути, Хамилтон пред Фетел за 35 стотинки, потоа Ботас, Верстапен и Раиконен како единствени во иста секунда со времето на актуелниот шампион.

К1 значеше крај, секако најпрво за Маркус Ериксон кој иако постави време, истото беше најбавно на сесијата. Пред Ериксон на гридот ќе се наредат Стофел Вандорн и Фернандо Алонсо откако белгиецот повторно беше побавен од Нанао на квалификациите со половина секунда поспор круг. 17то време по вредност за Сергеј Сироткин кој беше ве десетинки побрз од Мекларенот на Алонсо, додека Нико Хулкенберг имаше за 5 стотинки побавно време од Ленс Строл и не мина во следниот квалификациски сегмент.

Пет минути по почетокот на сесијта Даниел Рикардо немоќно влезе во боксот, а механичарите со туркање го донесоа до боксот. Преку радиото австралијанецот пријави дека загубил моќ од моторот и до крајот на 15те минути не се појави на патеката.

При крајот на вториот квалификациски сегмент се појави дожд на патеката, при што никој не успеада го подобри своето време. Овој пат Ботас на врвот, но со само 3 стотинки предност во однос на својот колга Хамилтон, додека Фетел беше 3 десетинки назад.

Даниел Рикардо не постави време и ќе ја почне трката од 15то место, пред него ќе тргне Ленс Строл, а од 13то место Карлос Саинз кој беше 2 десетинки побрз од канаѓанецот. Шестиот стартен ред за Кевин Магнусен кој заостана 2,2 секунди зад Валтери и Шарл Леклер кој беше 4 десетинки пред Магнусен, а К1 му “избега“ за 15 илјадитинки (Хартли).

Интересно, двата болиди на Торо Росо со мотори на Хонда влегоа во К3, како што тимскиот шеф Франц Тост побара од нив вчера. Ова беше прво двојно влегување во последниот квалификациски сегмент на домашната трка на болиди со мотори на Хонда од 2006 година, а тогаш јапонците се тркаа со сопствена фабричка екипа.

Болидите на Ферари го отворија вториот квалификациски сегмент, но во последните 12 минути се појавија на патеката со интермедиа гуми за влажна патека, за разлика од своите конкуренти од Мерцедес кои излегоа на најмеката компонента, исто како и останатите од гридот. Црвените болиди веднаш по инсталацискиот круг влегоа во бокс по мазни гуми.

По првата серија летечки кругови, Хамилтон 3 десетинки пред Ботас, Верстапен и Раиконен зад нив, додека Фетел “го утна“ својо круг и постави 9то време. Дождот се засилуваше, така што нкој возач не доби можност да го поправи своето време.

Првиот ред како и во Русија, така и во Јапонија останува сребрен, но овој пат Хамилтон пред Ботас. Верстапен и Раиконен ќе демнат од зад нив, додека Гросжан и Хартли ќе почнат од третиот ред. Седмо и осмо место за Гасли и Окон, Фетел 9ти, а Чеко Перез најбавен во топ 10.


Јапонија, квалификации: 80та пол позиција за Хамилтон

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>