Јапонија е тешка за Леклер поради Бјанки

125
   

Шарл Леклер смета дека првата Голема награда на Јапонија во Формула 1 болид ќе биде многу тешка за него поради смртта на неговиот голем пријател и ментор Жул Бјанки. Французинот излета на дождливата трка во 2014 година, а почина по 9 месеци од повредите на главата здобиени во тој судар.

Јасно е дека ова ќе биде многу тежок викенд за мене. Жул многу ми помогна да бидатм дел од Формула 1, повеќе од било кој друг на тркачката страна и тој е како дел од моето семејство. Никогаш претходно не сум бил во Јапонија, а утрово патеката беше многу емотивна за мене.

Од друга страна, морам да се фокусирам на тркачкиот викенд и да испорачам колку што можам повеќе без разлика колку ми е тешко – смета Леклер.

Смртта на Бјанки во 2015 година беше две години пред смртта на таткото на Шарл, уште една клучна фигура за него. За време н овогодишната трка во Монако, Леклер носеше посебен дизајн на неговата кацига посветен на татко си.

Размислувам за нешто такво за следната година, околу кацигата, но знаете дека има правило дека истата може да се менува само еднаш. Годинава го направив тоа за татко ми, а идејата за следната година ми е да ја поделам кацигата на два дела, еден за татко ми еден за Жул.


Јапонија е тешка за Леклер поради Бјанки

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>