Поранешниот Ф1 возач, Јан Магнусен, е среќен што неговиот син Кевин е сега постојан дел од најелитната тркачка серија.

Возачот на Хаас ќе ја започне својата трета сезона со американската екипа во 2019 година, откако се пласираше на деветто место во пласманот на возачи за 2018 година, освојувајќи повеќе поени од тимскиот колега, Роман Гросжан.

Од гледна точка на неговиот татко, тој завршил добра работа изминативе сезони, градејќи ја својата репутација како цврст и постојан возач во средината.

Многу сум горд. Тоа што навистина ми причинува задоволство е што тој е сега постојан дел од Формула 1 и луѓето го почитуваат. Тоа е убава глетка.

Тој е поопуштен со се околу него, Кевин изгради име за себе во падокот каде им се допаѓа на многумина.

Можеби не му се допаѓа на Фернандо Алонсо, но јас не се грижам околу тоа – изјави Јан.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.