Возачот на Ред Бул, Макс , на денешната трка во Мароко ќе заврши дел од јавната работа, казна која ја доби по инцидентот со Естебан Окон на Бразилското Гранд При во 2018 година.

Макс доби два дена јавна работа како казна од по инцидентот со Окон по крајот од трката на која се судрија, иако Верстапен беше лидер, а Окон круг зад него. Федерацијата одлучи холанѓанецот да ја посети Формула Е трката како дел од филозофијата за учење и спречување на слични инциденти во иднина. Трката не била одбрана како казна за возачот, туку тоа била прва трка од висок профил во текот на годинава која е одллучено тој да ја посети, затоа што нормално дека во текот на Формула 1 викендите е зафатен со тркање.

Тој ќе биде присутен на тркачкиот викенд во Маракеш и ќе ги набљудува ФИА стјуардите и контролата на трката, а поранешниот возач на Ред Бул, Витантонио Луици ќе биде еден од стјуардите на трката.

макс верстапен ќе ја посети формула е трката во маракеш како резултат на одлуката на стјуардите на бразилското гранд при во 2018 година. тој ќе го помине вториот ден глдајќи ги стјуардите од блиску, следејќи ја нивната работа на врвен моторспорт настан како дел од едукативниот и информативен пристап од фиа . гласи соопштението на фиа.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.