Европскиот Формула 3 шампоион, Мик , во Абу Даби го проба својот Формула 2 болид со кој ќе се трка во 2019 година.

19-годишниот син на сеумкратниот Формула 1 првак, Михаел Шумахер, ќе се трка во Формула 2 серијата следната година за тимот на Према, екипа за која возеше и во Формула 3 сезонава. Тест денот во Абу Даби германецот го заврши на дното на поредокот, но истиот мина во негово запознавање и прилагодување на новата средина и перформансите на новиот пакет.

беше неверојатно и многу сум возбудем. перформансите и тежината се најголема разлика во однос на формула 3 болидот и неверојатно е колку се овие болиди побрзи на правците.

направивме само аеродинамички тестови затоа што сакаме да го подобриме болидот, а сакав да направам повеќе летечки кругови возејќи на лимитот – изјави по тестот шумахер.

Германецот откри дека многу размислувал во пресрет на трнасферот во посилната серија и на крајот одлучил дека е на висина на задачата.

се чувствувам подготвен за ова поглавје од мојата кариера и логично за мене беше и во оваа категорија да останам со према. ќе видиме што носи иднината, во моментов не се брзам и ќе одам чекор по чекор.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.