Возачкиот првак за 2019 година е Луис Хамилтон, а конструкторскиот шампион сезонава е Мерцедес, но и покрај тоа остана само една трка за возење сезонава, остануваат некои нерешени работи во однос на поредокот.

Возачи

3то место: Кими Раиконен 251, Валтери Ботас 237, Макс Верстапен 234

Кими Раиконен во моментов е зад двајцата најдобри, но има предност од само 14 поени, што значи дека не смее да си дозволи кикс и незавршена трка затоа што Ботас е на 14 поени зад него, а Верстапен на 17. Она што е понеизвесно е борбата за 4то место. Слабите резултати на Валтери во последно време надополнети со одличните постигнувања на Макс Верстапен донесоа до само 4 поени разлика меѓу нив на една трка до крајот донесоа неизвесност.

Математиката е едноставна, доколку победи, Верстапен е 4ти на крајот, но доколку не победи, мора да биде 2 позиции пред Ботас за да дојде пред него по 21 извозена трка од овогодинешниот календар.

7мо место: Нико Хулкенберг 69, Серхи Перез 58

Реално, 11 поени да се надоместат за една трка во борба за најдобар од останатите е многу, единствено Хулк да не заврши трка со своето Рено, а Чеко Перез и Форс Индија да бидат барем 4ти.

8мо место: Серхио Перез 58, Кевин Магнусен 55, Фернандо Алонсо 50, Естебан Окон 49

Овдека ќе се води пеколна борба затоа што мексинакецот има само 3 поени пред данецот и доколку возачите од топ 3 тимовите финишираат во Абу Даби, на Магнусен му треба од 5то до 7мо место, но му треба и Перез да е 2 места зад него.

Алонсо е на само 5 поени од Магнусен, но со оглед на перформансите на последнит трки, речиси невозможно е да го стигна, а тоа од што треба да се плаши е да го задржи Окон зад себе затоа што токолку французинот заврши во поени со Алонсо зад себе, тогаш ќе му го превземе 10то место во поредокот.

13то место: Роман Гросжан 35, Шарл Леклер 33

Борба помеѓу два болиди со мотор на Ферари. Американците имаат одличен пакет, но често прават грешки, додека Алфа Ромео Заубер се подобрува како што сезоната одминува. Возачот од Монако доаѓа до 7мо место на последните две трки, додека Гросжан во Бразил беше зад него, но претходно имаше две трки без поени. На 21-годишикот му треба да го сочува Роман зад себе за да му го превзме “малерозното“ 13то место во поредокот.

Конструктори

Првите три позиции кај конструкторите одамна се решени, а и Рено се чини дека си ја заврши работата затоа што многу тешко е да се очекува Хаас да освојат 24 поени во Абу Даби откако на претходните 20 трки освоија 90.

Мекларен има комотни 14 поени пред Форс Индија и таму се чини дека работата за тоа 6то место е решена.

8мо место: Форс Индија 48, Заубер 42

Заубер освојуваат поени на три трки по ред, еднаш дојдоа и до двоен топ 10 финиш, додека Форс Индија има само два пати дојдено до поени на последните три тркачки викенди. Шест поени за надоместување од Леклер и Ериксон не се многу, но ќе треба да се почека да се види како “ќе им легне“ на тимовите патеката. Неконкурентени розеви болиди надвор од поени и повторно 7мо место за Леклер многу би ја згустила работата.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.