Шпанските медиуми на големо шпекулираат дека Фернандо ќе го тестира болидот на Мекларен на предсезонскиот тест во Барселона во втората половина од Февруари.

Нандо се повлече од Формула 1, но првиот човек на Мекларен, Зек Браун, неколку пати му посакува добредојде на својот поранешен возач да го тестира новиот болид од Вокин.

Шпанска Marca пишува дека за разлика од Мерцедес или Ферари, Мекларен одбрале своето прво возење на новито болид да биде на тестот во Барселона, а таму е можно во болидот да се појави Нандо.

изгледа дека алонсо ќе тестира половина ден, но не се знае дали тоа ќе биде во текот на првата недела или во текот на втората недела – пишува Marca.

Зек Браун е јасен кога вели дека ќе им недостасува Алонсо, но не пропушта да потенцира дека е задоволен од своите нови возачи кои се извонредни.

јасно е дека фернандо има огромен талент и феноменално искуство. поради тоа ќе ни недостасува во гаражата, но имаме двајца неверојатно возачи во карлос саинз и ландо норис.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.