Шпанија, Т3: Мерцедес го држи врвот во пресрет на квалификациите

650

Сребрените болиди на Мерцедес повторно на првите две места на последните 60 минути во пресрет на квалификациите. Луис Хамилтон како и на Т2 и овој пат најбрз, но Валтери Ботас само 13 илјадитинки зад него. Скудерија на 3то и 4то место, Себастијан Ветел 27 стотинки зад Хам, доека Раиконен точно 3 десетинки. Пето време со точно 4 десетинки зад Кими, а 7 десетинки зад Луис имаше Даниел Рикардо и тоа беа единствените во иста секунда.

Кевин Магнусен и Роман Гросжан беа на 6то и 7мо место, но данецот беше речиси 4 десетинки пред французинот.  Следуваше Карлос Саинз со Рено на 8мо место, половина десетинка пред Фернандо Алонсо, а Торо Росо со Пјер Гасли беа најбавни во топ 10.

Вилијамс повторно со најслабо време, Строл пред Сироткин за стотинка, а прекин на сесијата на две минути пред крајот со силен удар во бариерите на прави Брендон Хартли од Торо Росо Хонда.

Најантивен на сесијта беше токму оној кој направи “беља“ на крајот, Брендон Хартли со дури 23 кругови, а 20 изврте Естебан Окон. Проблемите на Макс Верстапен го ограничија на само 5 кругови.


Шпанија, Т3: Мерцедес го држи врвот во пресрет на квалификациите

9 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>