Шпанија, Т1: Мерцедес на врвот по првите 90 минути

426

Возачите на Мерцедес ги имаа најбрзите времиња во првата тренинг сесија од Големата награда на Шпанија. Валтери Ботас беше апсолутно најбрз со 1.18.148 и имаше предност од дури 85 стотинки во однос на неговиот колега, додека на трето место беше Себастијан Ветел кој беше дополнителна десетинка побавен од германецот.

Следуваше Макс Верстапен на 4то место кој беше за 7 десетинки побрз од неговиот колега Даниел Рикардо кој беше 7ми. Кими Раиконен беше 5ти, а новата аеродинамика во Мекларен се чини проработи затоа што Алонсо и Вандорн беа на 6то односно 9то место. Во најбрзите 10 имаше уште место за Гасли од Торо Росо и Гросжан од Хаас.

Болидите на Вилијамс беа посленди по псотигнатото време, но тоа што е чудно се времињата на Рено доволни за 15то и 17то место.

Во однос на бројот на круговите, ПЕрез имаше 36, а Ботас 32 со што тие беа единствени со над 30 кругови, додека Рикардо направи само 11 обиколки.

На 35 минути по почетокот на сесијата, Даниел Рикардо со својот болид заврши во заштитната ограда оштетувајќи го предниот дел. Претходно и Брендон Хартли за малку ќе завршеше исто на истата 4та кривина од патеката.


Шпанија, Т1: Мерцедес на врвот по првите 90 минути

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>