Шовлин: Мерцедес нема никакво оправдување

289
   

Главниот инженер за трка во Мерцедес, Ендрју Шовлин, смета дека тимот нема никакво оправдување за лошото издание на Австриското Гранд При минатиот тркачки викенд. Сребрените болиди се откажаа поради механички проблеми и покрај тоа што го окупираа првиот ред по саботните квалификации.

Во 14от круг Валтери Бтас ја заврши трката по проблем со хидрауликата, додека во 64от круг се откажа и Луис Хамилтон поради проблеми во системот за гориво во неговиот В09 болид, што беше прва двојна незавршена трка од Барселона 2016 година кога Хам и Нико се елиминираа еден со друг.

Немаме никакво оправдување за ваквиот резултат. Немавме доволна цврстина и издржливост, немавме правилна стратегиј, стартот не беше доволно добар и не ги менаџиравме гумите на потребното ниво – смета Шовлин.

Како резултат на двојното откажување, Ферари го превзема водечкото место во конструкторскиот поредок, додека Ветел го превзема водството кај возачите во пресрет на домашната трка за Мерцедес. Шовлин смета дека Спилберг била една од најтешките трки за нив, но ќе се соземат и ќе ги решат проблемите.

Имаме многу работи за подобрување во пресрет на Силверстон и мораме да се фокусираме на поправање на слабостите од Австрија. Денеска беше еден од најтешките денови на патеката кој сме го имале како екипа така што одлично е што денот заврши.

Знаеме како да ги поправиме проблмите и секогаш сме се враќале посилни по проблемите. Имаме неколку денови да се соземеме и да ги решиме проблемите пред Силверстон каде ќе бидеме на добро познатото ниво – заврши Шовлин.


Шовлин: Мерцедес нема никакво оправдување

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>