Шовлин: Ботас покажа професионализам

251

Главниот инженер за трка на Мерцедес, Ендру Шовлин смета дека Валтери Ботас покажал врвна класа и професионализам во врска со тимските наредби за време на Германското Гранд При. “Сребрените“ стигнаа до 1-2 победа во Хокенхајмринг иако Луис Хамилтон стартуваше од 14то месо, но Себастијан Ветел и неговата грешка многу им помогна.

Шовлин не очекувал 1-2 победа особено не по она што се случи со Луис за време на саботните квалификации.

По квалификациите се прашувавме кога ќе ни се промени среќата, но никогаш не очекувавме работата толку брзо да се сврти во наша корист. Да се заврши 1-2 на една од нашите домашни трки е одличен викенд кој засекогаш ќе го памтиме.

Не е лесно да се знае колку беше тешко да се остане по тие услови со мазни гуми на патеката и поради тоа морам да им честитам на двајцата возачи.

Трката на Валтери се одвиваше онака како што очекувавме во однос на Ветел, тката на суво не беше многу возбудлива и најголем дел од времето се менаџираа гумите и поради тоа Валтери не можеше да го притисне Ветел.

Втората серија ветуваше повеќе, Ветел губеше време во однос на Кими, а во гужвата изгледаше дека пневматиците на Валтери се во подобра состојба, што му помогна кога почна да врне да се доближи.

Планот на Луис одлично се одвиваше, заврши добра работа во менаџирањето на гумите на почетокот кога доста претекнуваше и поради тоа можеше да застане многу доцна. Се одлучивме за ултрасофт кај него во 42от круг штом го видовме дождот како доаѓа и сакавме во тие моменти да сме на нови гуми по лизгавата патека. Тоа ни се исплатеше затоа што по тие тешки услови многу се доближи до водечките – појасни Шовлин.

На 10 кругови пред крајот на трката, Ботас го препушти своето место на Хамилтон по инструкциите на екипата да не го притиска британецот, што Валтери во целост го испочитува. Поради тоа, Шовлин го пофали финецот за неговиот професионализам.

Безбедносното возило ни донесе можност да победиме на трка, можност за Луис кој во тој момент имаше најдобри гуми и реши да остане. На Валтери му требаа нови гуми за рестартот и кај него промената беше неопходна. Не беше безгрешно менување, но на крајот за среќа не не чинеше позиција.

По рестартот ги замоливме возачите да си ги задржат позициите на крајот од трката затоа што условит екои владееја беа тешки и не смеевме да дозволиме да ризикуваме поени во однос на Ферари. Велтери покажа класа и професионализам и се надевам дека ќе продолжи така – заврши Шовлин.


Шовлин: Ботас покажа професионализам

4 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>