Шефот на главниот спонзор на , компанијата за енергетски пијалоци Рич Енерџи, е горд што ги побил шпекулациите на оние кои се сомневале во легитимноста на негвата компанија.

Хаас се први кои го открија својот нов болид за оваа сезона, а со тоа и целосно новото брендирање во црно-златна боја поради својот нов подржувач. Компанијата Рич Енерџи лани се поврзуваше со превземање на Форс Индија кои беа во финансиски проблеми, но таа трансакција не се реализираше. Во Октомври беше потпишан договор со Хаас, а минатиот месец како одговор на сите сомнежи, Гунтер Стаинер изјави дека веќе примаат пари.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Вилијам , Главниот извршен директор на компанијата, во својата изјава при промоцијата на болидот смета дека оние кои се сомневаат во него веројатно не се од оваа планета.

мислам дека многу луѓе се обидоа да соберат два и два и добија пет. ги слушнав и ги прочитав тие бесмислени гласини, но јас одбрав да ги игнорирам. ние произведуваме 90 милиони лименки со пијалок и секој кој го игнорира нашето постоење како да се сомнева дека човекот одел по месечината или да смета дека елвис присли е уште жив. тоа е фантазија – вели стори.

Стори откри дека удел во неговата компанија имаат ултра богатите сопственици на Вест Хем фудбалскиот клуб, Дејвид Саливен и Дејвид Голд кои сакаат да го подобрат својот имиџ преку Формула 1.

Рич Енерџи сакаат директно да се тркаат со Ред Бул кои им се конкуренти како најобро продаван енергетски пијалок. За својот производ и малкуте информации околу истиот, Стори открива дека долго време биле во сенка затоа што биле ексклузивен и тешко достапен производ.

делата се посилни од зборовите, а на крајот кога ќе се повлече плимата ќе видиме кој пливал гол. јас бев многу упорен од првиот ден и се што кажав исполнив. интересно е што сите оние кои зборуваат негативно за нас никогаш се немаат сретнато со мене и не ја знаат компанијата.

тоа е спектакл базиран на никаква информација, но сите што не знаеја беа сигурни во тоа што го работиме. шпекулациите не беа базирани на факти.

Стори појасни дека Рич Енерџи веќе некое време се подготвувале за влез во врвот на моторспортот, а медиумите лани пренесоа дека компанијата водела преговори и со Мекларен и Вилијамс пред да потпишат со Хаас.

сметавме дека ова е најдобар предлог за нас и поради тоа потпишавме со нив.воодушевени сме што го добивме хаас. сметаме дека имаме подобар производ и бренд од ред бул и фантастично е што ќе се натпреваруваме против нив на патеката.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.