Поранешниот тимски шеф на екипата на Порше во ЛМП1 класата од Светското Првенство на Издржливост, Андреас Сејдл, се подготвува да премине во Формула 1 екипа на сениорска позиција.

Иако неговото заминување од Порше сеуште не е потврдено и сеуште не се знае во кој Формула 1 тим тој заминува, 42-годишниот Сејдл има мошне силно резиме кое дефинитивно го квалификува за улога на тимски шеф.

Тој стана познат по работата во БМВ Заубер Ф1 до 2009 година, а потоа го предводеше враќањето на БМВ во ДТМ како главен оперативец. Тоа доведе до освојување на титулата од страна на Бруно Спенглер при првиот свој обид во 2012 година.

Потоа се придружи на Порше, водејќи ја нивната ЛМП1 програма од нивната прва сезона во 2014 година, притоа стигнувајќи до три двојни круни во од 2015 до 2017 година, како и успесите на 24 Часа Ле Ман во сите три сезони.

Порше го опишуваат Сејдл како “инженер со перфекционизам, одговорен за техничките перформанси на автомобилите, како тркачки менаџер одговорен за организациските аспекти од трките во светското првенство“.

За возачите во ЛМП1 програмата, тој е како тренер на национален тим. Деловните односи ги води како менаџер и амбасадор. Како одговорен за стратегија, тој носи критични одлуки заедно со тркачките инженери.

По затворањето на Порше ЛМП1 програмата на крајот на 2017 година, Сејдл доби улога во формирање на Формула Е оддел. Но откако Порше одлучи да не се посвети на враќање во Ф1, иако присуствуваа на неколку состаноци околу идните правила за агрегати, тој очигледно одлучил да замине. Моментално, нема очигледни слободни високи позиции во Формула 1 тимовите.

Една претпоставка е дека Сејдл би имал иднина во Ферари, а го познава и нивниот возач, Себастијан Фетел од времето во БМВ Заубер, каде Себ го имаше своето деби во Формула 1. Но извор на Ферари негира дека следат менаџерски промени во блиска иднина. Вилијамс и Мекларен се во процес на нова структура, но во ниту една од тие екипи нема отворена позиција на врвните места.

Каде и да замине Сејдл, останува можноста дека значајното Ф1 искуство би му овозможило да се врати во Порше, доколку тие одлучат да се вратат на Гранд При трките.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.