Шефовите на Формула 1 тимовите ги опишаа аеродинамичките промени за следната година како голем чекор назад во однос на перформансите и се надеваат дека загубите многу брзо ќе бидат компензирани. Новите правила во вид на поедноставено предно крило и други мали промени ќе стапат на сила со надеж дека ќе се подобри претекнувањето и нечистиот воздух за болидот кој следи.

Но, новите правиала имаат и негативна страна затоа што драстично ќе ја намалат потисната сила по што ќе изостанат рекордните времиња кои се постигнуваат на патеките годинава.

Тешко е да с еима јасна слика денеска за тоа што ќе се случува во 2019 година, но секако дека моторот ќе се подобри. сеуште имаме некои сомнежи околу гумите и аеродинамиката.

ако зборуваме за новите аеродинамички правила мислам дека се голем чекор назад и сметам дека сите се насочени за враќање на перформансите кои ќе се загубат. не знам точно кога ќе се врати загубеното, но задачата која ни претстои е тешка – смета фредерик васур, шефот на заубер.

Форс Индија беа едни од неколкуте екипи кои тестираа преднот крило со нова спецификација на вториот сезонски тест кој годинава се одржа во Унгарија. По тестот, шефот Шафнауер потврди дека перформансите назадуваат.

направивме тест и перформансите значително назадуваат, имавме агресивни цели, но тешко дека ќе ги оствариме. Се обидуваме да ја предвидиме иднината врз основа на она што го знаеме, но дефинитивно сите ќе бидеме побавни – објасни шафнауер.

Франц Тост, првиот човек во Торо Росо, се надева дека ќе го врати загубеното многу брзо, но е скептичен во врска со намената за која се направени промените, подобрување на следењето и претекнувањето.

зборував со луѓето во воздушниот тунел и во моментов не веруваат дека претекнувањето многу ќе се олесни. поради тоа не сум сигурен дека правилата ќе го донесат она за што се наменети.

мислам дека на почетокот од следната сезона веќе ќе бидат достигнати истите нивоа на потисна сила како и годинава.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.