Тимскиот шеф на Форс Индија, Отмар Шафнауер, смета дека Гунтер Стаинер од Хаас е збунет во екот на нивната кавга околу наградите кои “новата“ екипа треба да ги добие. Согласно важечкиот конкорд договор, доколку екипата е неликвидна, губи право на исплата од наградниот фонд, освен ако сите екипи не се сложат поинаку.

Технички, администрацијата значи несолвнетност, а по Големата награда на Унгарија, сите 9 екипи се сложиле Форс Индија да ги добие тие пари од наградите откако одржаа состанок со новите сопственици, Конзорциум на чело со Лоренс Строл.

Но, наместо превземање на акциите од страна на нова компанија, се случи продажба на сите средства на Формула 1 тимот на нова компанија така што моменталниот Рејсинг Поинт Форс Индија е всушност нова екипа на гридот. Поради променетите околности, Хаас не сакаа да се сложат тимот да ги добие парите затоа што и тие кога биле нова екипа чекале две години пред да добијат пари за сработеното тркајќи се, односно право на пари од “првата колона“.

Гунтер Стаинер, шефот на Хаас, се согласил Форс индија да има право на парите доколку излезе недопрена од администрацијата, односно излезе како иста компанија со иста лиценца, но тоа не се заврши така.

Шафнауер смета дека Хаас се согласиле да им се исплатат парите откако го потпишале првичнито документ во Унгарија.

Колку што јас знам, сите се согласија за распределба на наградниот фонд кој беше заработен од “старата“ Форс Индија и истиот треба да продолжи да се исплатува на “новата“ Форс Индија. Ако ја погледнете дефиницијата на “работа во тек“ ние сме токму тоа, а во потпишаниот документ така и стои.

Тој можеби е млку збунет, не знам, мислам дека кај нас таботата е токму таква во тек. Дали се работи за продажба на акциите или на средствата е само семантика, игра на зборови, ние сме иста екипа – појасни Шафнауер.

Еден од услугите кои ФИА го бараше за да ја поддржи новата екипа е Бизнис план во кој ќе се разработи “преживувањето“ доколку не се распределат средствата од првата колона.

Добра работа со Бизнис планот е што е во три дела и има фиктивни бројки. Тоа е чист обид да се претскаже иднината. Може да напишете што сакате во Бизнис план вклучително и какви ќе бидат нашите приноси од спонзорски договори во иднина – смета шефот.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.