Оперативниот директор на Форс Индија, Отмар Шафнауер, вели дека очајно потребната инвестиција во тимот е многу блиску до реализација и се очекува продажба на тимот во следната недела до две.

Екипата од Силверстон е во сопственост на индискиот бизнисмен Виџеј Малија, кој се обидува да избегне екстрадиција во Индија поради пропаѓањето на авиокомпанијата Kingfisher, која должи стотици милиони долари на индиската влада.

Малија најверојатно ќе биде екстрадиран и покрај неколкуте жалби, додека неговиот имот ќе биде запленет, што влијае над дневните активности во Форс Индија. Документите откриваат дека во Средата екипата се соочила со потенцијално превземање на контрола од страна на администрација поради неплатени долгови.

Според познатиот Ф1 новинар, Џо Савард, тимот бара “договорена администрација“ која ќе им дозволи да функционираат додека се најде купувач, без закана од административно превземање.

Ова ќе му овозможи на купувачот да превземе контрола над тимот во сегашната состојба, додека ќе гарантира исплаќање на долговите. Продажбата би можела да се случи во следните неколку недели, откако се претпоставува дека постојат неколку заинтересирани купувачи.

Шафнауер посочи дека тоа е всушност случајот, велејќи дека потребната инвестиција е пред исполнување и дека се надева на нормално функционирање на тимот во рамки од една до две недели.

Мислам дека е скоро готово. Знам дека има преговори во позадина. Јас немам пристап бидејќи е дискусија помеѓу акционерите, а јас не сум, инаку би знаел повеќе. Но ќе се случи многу брзо.

Моментално сме во критичен период, кој можеби ќе трае недела до две, мора да бидеме фокусирани, да направиме се што можеме во трката, да одмориме по тестот и да се вратиме полни со енергија за наредните дуели.

Се надевам дека тоа ќе биде решено набрзо и дека ќе продолжиме да функционираме во нормални услови – изјави Шафнауер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.